Евакуирана и затворена Зоо Скопје, пронајден „птичји грип“ кај гуска

- Advertisement -

Скопската Зоолошка градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените.

Неофицијално, Зоо Скопје е затворена поради пронајдена бактерија кај гуските од која можат да се заразат и луѓето.

Во последниве денови угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите.

Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорги Галетановски објави на Фејсбук дека станува збор за „птичји грип“.

-. Во моментов Зоолошка е затворена, посетителите евакуирни, инспектори се веќе влезени. Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат, пишува Галетановски.

Сподели ја оваа статија