Евакуирани училишта во Скопје поради дојава за бомби

- Advertisement -

Дојави за бомби утрово стигнале во повеќе скопски училишта.

Учениците се евакуирани, а наставниците веќе ги информираа родителите да си ги земат децата.

Како што објави Курир, дојави за бомби имало во неколку училишта во Аеродром – „Димитар Македонски“, „Александар Македонски“, „Љубен Лапе“….

Но дојави за бомби стигнале и во основното училиште „Петар Здравковски “во Бутел, „Киро Глигоров“ во Центар, но и средното училиште „Јосип Броз Тито“.

Наставниците брзо реагирале и најголем дел од децата веќе се дома.. 

Сподели ја оваа статија