Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еве колку снег има на Попова Шапка и во Маврово, од утре нови врнежи на повеќе места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Еве колку снег има на Попова Шапка и во Маврово, од утре нови врнежи на повеќе места
МАКЕДОНИЈА

Еве колку снег има на Попова Шапка и во Маврово, од утре нови врнежи на повеќе места

Објавено December 22, 2024 11:25
Сподели
Сподели

Попова Шапка и Маврови Анови утрово се најстудените места во државата. На мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи и на двете места покажува -7 степени. Разликата е во снежната покривка. На Шапка се измерени 32 сантиметри, а на Маврови Анови 29 сантиметри. Пет сантиметри снежна покривка има и на Ѓурште.

Други места во земјава каде утрово се измерени минусни температури се:

Крушево -6,
Битола -5,
Крива Паланка,
Охрид,
Прилеп и Претор -4,
Велес и Берово -2,
Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, Виница и Тетово -2,
Штип и Демир Капија -1.
Најтопло е во Гевгелија со 3 степени.


Во изминатото деноноќие, до 7 часот утринава најмногу дожд има наврнато во:

Демир Капија 11 l/m2,
Кавадарци -9 l/m2,
Струмица -7 l/m2,
Берово -5 l/m2,
Прилеп -4 l/m2,
Велес, Битола и Виница -2 l/m2 и
Гевгелија, Маврови Анови и Пожаране по 1 l/m2.

Преку ден, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Максималната температура ќе достигне од 4 до 9 степени. Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево и тивко. Кон крајот на денот и во текот на ноќта значително облачно. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Од утре (понеделник), под влијание на циклонска активност и студен воздух од север, ќе започнат нови врнежи претежно од снег. Во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни. Ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка. Снег ќе има понекаде и во пониските места.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но треба да има отстапки за одредени дејности
Следна Статија Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кичево пред еколошка катастрофа: Дива депонија го загрозува животот на граѓаните

Кичево пред еколошка катастрофа,граѓаните се гушат во неподнослива реа која се шири од дивата депонија лоцирана сред град.Кичевчани тврдат дека…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, и е на високо петто место во светот

Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот, IQAir, главниот град на Македонија, Скопје утрово е најзагаден…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Грета Тунберг во посета на Тетово

Шведската еко-активистка Грета Тунберг во четвртокот престојуваше во Тетово, каде што го посети Општествено-културниот центар Тетово. Според објавата на организацијата,…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел: Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната

-Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ги пренесов нашите сегашни и идни приоритети во рамки…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?