Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Евростат: Цените во Европа паѓаат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Евростат: Цените во Европа паѓаат
Blog

Евростат: Цените во Европа паѓаат

Објавено February 6, 2025 11:10
Сподели
Сподели

Цените на производите во европската индустрија се намалија во декември, покажа извештајот на Европскиот завод за статистика.

Производните цени на индустриските производи во еврозоната и ЕУ се зголемија за 0,4 отсто во декември во споредба со претходниот месец кога пораснаа за 1,7 отсто во двете области, пресметаа статистичарите.

Најмногу пораснаа цените во енергетскиот сектор и во еврозоната и во ЕУ, за 1,4, односно 1,3 отсто. Растот е забавен во однос на ноември, кога во двете области се зголемени за 5,6 отсто.

Во повеќето други сектори тие беа речиси непроменети во однос на ноември.

Секторите трајни производи за широка потрошувачка и интермедијарни производи во еврозоната забележаа промена на трендот, со благ пораст на цените.

Кога е исклучен енергетскиот сектор, цените во двете области останаа на нивото од претходниот месец, утврди Евростат.

Продажните цени на производителите на индустриски производи во Бугарија се зголемени најмногу во декември на месечно ниво, за 5,1 отсто.

Следува Хрватска, со раст на продажните цени на производителите на индустриски производи за 2,4 отсто во декември во однос на ноември кога се намалени за 0,2 отсто, покажуваат табелите на Евростат.

Цените во Словачка исто така позначително пораснаа во декември, за 1,5 отсто во споредба со ноември.

Блиску се и Белгија, Естонија и Литванија каде цените пораснале за 1,1 отсто и Франција со месечен пораст на цената од еден процент.

На месечно ниво најмногу паднаа продажните цени на производителите на индустриски производи во Ирска, за 1,5 отсто. Романија забележа само малку поблаг пад, за 1,2 отсто.

На годишна основа, продажните цени на производителите на индустриски производи во еврозоната беа стабилни во декември, покажаа пресметките на Европскиот завод за статистика.

На ниво на ЕУ, тие исто така се задржаа повеќе или помалку на нивото од крајот на 2023 година, по падот од еден отсто во претходниот месец, според ревидираните податоци.

Убедливо најголем годишен пораст на цените на производителите на индустриски производи има во Ирска во декември, за 11,1 отсто.

Следуваат Бугарија и Данска, каде бележат раст од 6,6, односно 4,7 отсто. Најголем пад на цените во декември забележа и Словачка, од 17 отсто.

Следат Луксембург и Франција, каде што се намалени за 4,2, односно 3,8 отсто, покажуваат податоците на Евростат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нејмар го одигра првиот меч по враќањето во Сантос (ВИДЕО)
Следна Статија Новинар, ВИП возила, владин АВИОН… во кои се афери е вмешан екс директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Норвешка компанија одбива да им испорачува гориво на Американците по кавгата Трамп-Зеленски

По расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, норвешката компанија за гориво „Haltbakk Bunkers“ објави…

March 2, 2025
Blog

„Господинот тајминг“ на сцената: Како Ворен Бафет уште еднаш покажа дека има совршено чувство за бизнис

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ го анализираше деловниот потег на американскиот милијардер Ворен Бафет, кој го објави своето пензионирање од…

May 5, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Стрелец – четврток, 6 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот ви носи внатрешна трансформација и нови почетоци, Стрелчи. Бидејќи сте авантуристичната природа и оптимистичен,…

February 6, 2025
Blog

Фото: Кинески електрични возила кои се полнат за пет минути

Кинеската компанија BYD ги претстави првите две електрични возила засновани на својата нова Супер е-платформа – луксузниот седан Han L…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?