Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче алармира: Има директори кои земаат пари за дежурства, а никогаш не се појавиле на клиника!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Филипче алармира: Има директори кои земаат пари за дежурства, а никогаш не се појавиле на клиника!
ЗДРАВЈЕ

Филипче алармира: Има директори кои земаат пари за дежурства, а никогаш не се појавиле на клиника!

Објавено February 2, 2025 16:08
Сподели
Сподели

Скандалозни злоупотреби, хаос во здравството и директна загрозеност на животите на пациентите – ова го открива претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа. Тој ги критикува актуелните состојби во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за целосен неуспех во управувањето.Филипче алармира дека на чело на некои од најважните здравствени установи се поставени некомпетентни, а во некои случаи и целосно неспособни луѓе, чија единствена цел не е подобрување на здравството, туку полнење на сопствените џебови.

„Има директори кои се пишуваат за дополнителни дежурства да земат само пари, без физички да бидат присутни на ниту едно дежурство на клиниките“, откри Филипче. Ова значи дека додека пациентите чекаат со месеци за термин, а лекарите работат во екстремни услови, директорите – назначени од власта – лажираат работни часови и незаконски си исплаќаат бонуси, без да мрднат со прст.

Филипче вели дека се назначени неспособни, неквалификувани луѓе на директорски позиции, што резултира со целосен хаос во здравствениот систем. „Донесени се и поставени менаџери или директори на клиниките коишто навистина немаат искуство како тоа се прави. Има директори на клиники коишто ниту оперираат на хируршките клиники, немаат ниту една операција како се поставени на функција, а ги водат стручните колегиуми“, вели Филипче.

Филипче вели дека граѓаните плаќаат со животи за хаосот во здравството. Сето ова не е само скандал – последиците се трагични. Лекови нема, листите на чекање се предолги, а пациенти умираат затоа што не можат да ја добијат неопходната терапија на време, смета поранешниот министер.

„Огромни се листите на чекања, нема лекови – сето тоа укажува на тотална незаинтересираност од страна на менаџментот и на Министерството за здравство во делот на манаџирањето на клиниките“, нагласи Филипче.

Владата го укина и системот за набавка на лекови по итна постапка, што беше последниот механизам за обезбедување терапија за пациентите во критична состојба. „Беа многу критикувани формите на т.н. реверс – тоа е систем којшто секогаш обезбедуваше лекови за нашите пациенти. Цената којашто се плаќа се човечки животи коишто во меѓувреме не можат да ја примат соодветната терапија“, заклучува Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исто сценарио: По Мајдан и Грузија, запросување на протестите падна и во Србија
Следна Статија Таксист ѝ дал сметка од 700 денари за од Центар до Чаир, ја исфрлил и турнал со возилото зошто не сакала да му плати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошка терапија. Во моментов нема биолошка терапија, односно лековите „atezolizumab (tecentriq)“,…

January 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Уништена небезбедна храна во Крива Паланка

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка…

November 13, 2024
ЗДРАВЈЕ

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и…

July 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Нема пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека досега немало пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?