Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: ДУИ ја злоупотреби нашата поддршка – научивме од грешките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: ДУИ ја злоупотреби нашата поддршка – научивме од грешките
ПОЛИТИКА

Филипче: ДУИ ја злоупотреби нашата поддршка – научивме од грешките

Објавено December 2, 2024 22:21
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ отворено призна дека коалицијата со ДУИ во изминатите години сериозно ја оштети позицијата на СДСМ. Тој ја потенцираше дека вредностите ќе бидат најважна основа за идните коалиции, нагласувајќи дека ваквите грешки нема да се повторат.

„Бевме сервилни кон нашите коалициски партнери, а тие ја злоупотребија нашата широчина. Не вреди да се остане во Влада или да се одржи Владата некој период подолго, а притоа сериозно да биде оштетена нашата позиција“, рече Филипче.

Тој ја објасни оваа позиција како дел од научените лекции од минатото, кои веќе се имплементирани во новиот пристап на партијата.

„Да, ДУИ на некој начин ја трошеше и во значаен дел ја потроши СДСМ како дел од власта. Тоа не е само моја констатација, туку е дел од многу сериозна анализа која што ја направивме“, изјави претседателот на СДСМ.

Филипче истакна дека партијата повеќе нема да прави компромиси кои би ја загрозиле нејзината иднина и принципите што ги застапува. Вредностите и интересите на граѓаните ќе бидат основата за секоја идна коалиција.

„Секоја идна коалиција ќе ја градиме врз основа на вредносните политики. Вакви компромиси, кои сериозно го оштетија нашиот интегритет, нема да се повторат“, нагласи тој.

СДСМ останува посветена на зајакнување на својата позиција како прогресивна партија која ќе ја предводи Македонија со политики засновани на транспарентност, отчетност и вистинска грижа за интересите на граѓаните, потенцира Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Последниот удар на ретроградниот Меркур за оваа година: Четири знаци најтешко погодени, еве што треба да издржат до 15 декември
Следна Статија Во среда е Воведение, празник кој ни открива каква ќе ни биде наредната година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Овие избори нема да бидат вратата на ДУИ за во Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе рече дека на овие…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Жалам што Ахмети правата на бугарската заедница ги користи како дневна политика

Правата на бугарската заедница не се тема за дневна политика, вели премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи жалење што лидерот на ДУИ…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Цените oтидоа во плафон, не можат луѓето да живеат повеќе

Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, Венко…

September 26, 2025
ПОЛИТИКА

Се огласи Груби: Чист сум како солза, но се повлекувам од политиката и јавниот живот

Поранешниот прв вицепремиер на Владата, Артан Груби, објави дека се повлекува од јавниот живот, соопштувајќи ја својата одлука како личен…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?