Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков до СДСМ: Излезете и напуштете ја вашата скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков до СДСМ: Излезете и напуштете ја вашата скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец
МАКЕДОНИЈА

Филков до СДСМ: Излезете и напуштете ја вашата скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец

Објавено January 16, 2025 18:45
Сподели
Сподели

Министерот за правда, Игор Филков одговорајќи на пратеничко прашање од СДСМ за наводна партизираност на судството и Судскиот совет порача дека двајцата нови членови на Судскиот совет не се избрани од извршната власт, туку од самите судии и дека станува збор за лица кои имаат долгогодишно искуство во својата област.

-Зарем мислите дека јас како министер за правда може да влијаам на оние судии кои токму вие сте ги назначиле и унапредиле, да им кажувам како да гласаат. Овие нови членови се избрани од судиите, рече Филков.

На прашањето на Бисера Костадиновска Стојчевска, зошто тој не се повлекува од функцијата член на Судскиот совет, министерот Филков посочи дека тој, како и неговите претходници ја почитуваат препораката на ГРЕКО да не се присуствува на седниците на Судскиот совет.

-Јас ниту сум влегол во Судскиот совет за да можам да излезам од истиот. Ако ги следите моите изјави од првиот ден, укажувам на тоа дека нема потреба од мое присуство таму, но доколку Судскиот совет навистина функцинира, А тоа што се случуваше наназад го знаете многу добро затоа што бевте дел од власта, иако не се сеќавам дека во таа Влада сте поставиле било кое прашање поврзано со судство или Судскиот совет. Делот за невистините продолжува и понатаму иако ви објаснив дека ние немаме именувано ниту судии, ниту јавни обвинители. Значи, излезете и напуштегте ја таа скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец. Ние за три до пет години нема да имаме судии во државата заради погрешните политики на претходните власти,порача министерот за правда Игор Филков најавувајќи дека измените на Кривичниот законик доажаат и правда ќе има.

Ајде сите заедно тука да се договориме, да ги донесеме измените на законите и да ја покачиме грорната граница за пензионирање на 67 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Аркан гледа фудбал со Цеца додека на ѕидот виси нејзината слика
Следна Статија Тепачка во затворот Идризово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје и утрово со редуциран јавен превоз

Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје. Во Скопје од вчера попладне…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 карти

Во дискотеката, согласно првичните информации што го имаме, имало околу 500 лица, некаде околу 250 карти биле продадени, согласно информациите…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Косово ли е, Шапка ли е? (ВИДЕО)

17-годишнината од прогласувањето независност на Косово се славеше и на скијачките терени на Попова Шапка со големо знаме на соседната…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Делчево: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Јас би сакал да кажам дека нема да се задржувам на делот за тоа што веќе претходните говорници го кажуваа,…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?