Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков: Итно ќе се менува контроверзниот Кривичен законик, Груби сам да се врати дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков: Итно ќе се менува контроверзниот Кривичен законик, Груби сам да се врати дома
МАКЕДОНИЈА

Филков: Итно ќе се менува контроверзниот Кривичен законик, Груби сам да се врати дома

Објавено January 13, 2025 10:10
Сподели
Сподели

Министерството за правда наскоро пред Владата ќе излезе со „кратко законско решение“ за измени во постоечкиот Кривичен законик, со кое треба да се отстранат штетните последици од законските измени на КЗ од 2023 година, вели министерот за правда Игор Филков.

Идејата е да се унапредат одредбите за законските битија и да се заостри казнената политика, преку зголемување на постојните казни за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластувања“. Се планира и проширување на опфатот на кривичните дела за проширената конфискација, како и вградување на некои нови кривични дела кои се резултата на современото општество и технологијата.

Во интервјуто за Плусинфо, Филков зборува за најавените реформи во правосудството, за очекувањата од Законот за Судскиот совет, за подготвовките на новиот Кривичен законик, за казнената политика, за катастрофалните состојби во затворите, за најавените измени на аболицијата како правен инструмент, како и за проблемите поврзани со т.н. должничко ропство, кои повторно се актуелизираат во последно време,

Најдобро е Груби сам да се врати во Македонија

  • Министре, во едно интервју неодамна им се заблагодаривте на нашите „стратешки партнери“ што ни помагаат во процесите на борбата против корупцијата. Љубопитен сум, каква конкретна поддршка добивте од САД во случајот на Артан Груби, на пример? Добивте ли конкретни докази од Вашингтон за него и за судијата Беџети, откако Стејт департментот двајцата ги стави на црната листа поради наводен поткуп? Амбасадорката Агелер беше децидна дека такви докази постојат…

– Најнапред, би сакал да потврдам дека нашите стратешки партнери, како САД, редовно се вклучени во напорите за справување со корупцијата и за поддршка на правосудниот систем во Република Македонија. Нашата соработка е, всушност. клучна за успехот во овие процеси. И тие обезбедуваат не само политичка, туку и експертска поддршка. Соработката со САД, како и со другите меѓународни партнери, е од огромна важност за продолжување на реформите и за осигурување на транспарентност и отчетност.

Што се однесува до конкретните случаи, како што е тој на Артан Груби или судијата Беџети, Министерството за правда нема никаква улога во водењето на конкретни истраги или за обезбедување на докази кои се однесуваат на поединци, туку тоа се постапки кои се водат од надлежните органи. Сѐ поинаку би било мешање на властите и нарушување на принципот на правната држава. Нашата цел е да создадеме правна основа- сите обвиненија да се разгледуваат согласно со законот, применувајќи ги сите механизми на правната држава, без разлика на позицијата или на функцијата на лицето кое е во прашање.

Но, би сакале и очекуваме, веднаш откако ќе бидат обезбедени сите докази, нашите институции да постапуваат и одлучуваат во транспарентен и ефективен процес.

  • Јавноста нема детални информации за тоа каде се наоѓа и како се снаоѓа во моментов бегалецот Артан Груби. Имате ли каква било комуникација со властите во Албанија и со нашите други „стратешки партнери“ за ова прашање? Постојат ли шанси Груби да се врати или да биде вратен во Македонија?

– Во однос на прашањето за Артан Груби и за неговото присуство, би сакал да нагласам дека Република Македонија и нејзините партнери постојано работат на обезбедување на правдата и на спроведување на законот.

Како што е познато, Груби е ставен на црната листа од Стејт департментот на САД и неговиот случај е разгледуван од страна на надлежните органи.

Треба да се разјасни дека каква било соработка со властите на Албанија или со други наши стратешки партнери се води во рамките на законските прописи и процедурите кои се важни за меѓународните односи.

Она што би сакал да го нагласам е дека во овој момент најбитно е лицето за кое говориме своеволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата, како што вели – невиност, за која досега зборува само по социјалните мрежи. Во спротивно, ќе се погрижиме со сите средства кои ни стојат на располагање лицето да биде вратено во државата и спроведено до органите на прогон и судот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
Следна Статија Најмалку 24 загинати во пожарите во Лос Анџелес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Љутков од Херцег Нови: Македонија е новиот претседавач со Советот на министри за култура на ЈИЕ- јакнење на културата во функција на одржливиот равој

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Херцег Нови, имаше свое обраќање на состанокот на Советот на министри…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон!

Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал…

February 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Заменик претседателката на СДСМ добила повеќе од еден милион долари oд УСАИД во периодот на Шарената револуција

Фани Каранфиловска Пановска како извршна директорка на Фондацијата отворено општество во 2016 година добила донација од УСАИД Македонија во вредност од 1.191546 американски долари.…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Екс министерот Крешник Бектеши го носат на распит во Кочани

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши пред малку во полициско комбе излезе од полициската станица Карпош. Бектеши , кој од…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?