Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков ја разреши судијката која донела одлука Јованов да не оди во затвор за дрога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков ја разреши судијката која донела одлука Јованов да не оди во затвор за дрога
МАКЕДОНИЈА

Филков ја разреши судијката која донела одлука Јованов да не оди во затвор за дрога

Објавено February 3, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Министерот за правда, Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска од работната група во Министерството за правда. Станува збор за судијката која ја донесе одлуката возачот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, да оди во воспитно поправен дом откако бил фатен со дрога.

Судијката била дел од работната група која е формирана во декември 2020 година, за измените на Кривичниот законик. Според Филков, ова го прави со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за реформите во правосудството.

Министерот смета дека е крајно време, надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки, со цел лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност.

-Овој случај е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите кои беа презентирани пред некој ден. Токму брзината на постапувањето и корумпираноста беа детектирани за најголем проблем на судството со најниска оценка. Се отвора можност за слични случаи. Апелирам до сите политички чинители да не го злоупотребуваат за дневно-политички цели. Нема да дозволам неказнивост или недопирливост, рече Филков на прес-конференција.

Тој беше дециден дека не лоцира одговорност кај судијката за нејзината одлука за претходното сторено кривично дело на возачот Васил Јованов кој ја усмрти младата Фросина Кулавкова.

Во досието на возачот стои и дека ова не е прва сообраќајна несреќа што ја предизвикал. Во ноември 2022-ра година, полесно повредил пешак, но се спогодиле со оштетената да нема кривично гонење, но да плати 300 евра казна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Негувателка од Велес им давала да пробуваат електронски цигари на деца, доби забрана за вршење професија за пет години
Следна Статија Лефков: Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага за истата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе се затвораат универзитети во земјава!?

Министерката за образование Весна Јаневска најави можно затворање на универзитети низ земјата. Изјавата ја даде на новинарски прашања од Охрид,…

July 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО)Трибина: Локални и глобални предизвици од младинско значење

https://www.youtube.com/watch?v=agyVEe0Ap2k  

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Верувам дека претседателката избрала вистински професионалци за Судскиот совет

Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реновиран е Клубот на пратеници, а со Перински почнуваме со теренски активности по општините каде се градат капитални проекти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински присуствуваа во Клуб…

February 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?