Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филмските работници до Љутков: Предложениот буџет за филм не е доволен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филмските работници до Љутков: Предложениот буџет за филм не е доволен
МАКЕДОНИЈА

Филмските работници до Љутков: Предложениот буџет за филм не е доволен

Објавено November 15, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки, а нашата држава престанува да биде дел од европското филмско семејство. Загрозено е и нашето членство во значајни регионални, европски и светски организации и асоцијации, се вели во отвореното писмо на Друштвото за филмски работиници на Македонија до министерот за култура Зоран Љутков.

Во продолжение соопштението на Друштво на филмските работници на Македонија

Веста за вашето назначување за министер за култура, ние во Друштвото на филмските работници и сите наши колеги филмаџии, ја примивме со голема радост. 
Радоста, зачинета со надеж, доаѓаше од фактот што министерството од кое со години наназад потекнуваа нашите проблеми, конечно ќе го раководи човек кој суштински разбира што значи да се биде филмски работник и знае дека ниту еден од луѓето кои ги гледа на филмските сетови, каде што работниот ден трае најмалку 12 часа, не добива државна плата на 1-ви, туку нивните приходи зависат единствено од снимачките денови кои ќе бидат реализирани. 
Во момент кога сме длабоко навлезени во четвртиот месец од мандатот на в.д директорката на Агенцијата за филм, период во кој снимања речиси и да нема, не е потпишан ниту еден договор за финансирање на веќе одобрени проекти, не е прегледан ниту еден извештај за наменско трошење на средства, исплатите кон тековни и веќе реализирани проекти се стопирани и во кој годинешниот конкурс за производство на филмови е поништен, радоста исчезна, а одржувањето на надежта стана невозможно. 
Македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки, а нашата држава престанува да биде дел од европското филмско семејство. Загрозено е и нашето членство во значајни регионални, европски и светски организации и асоцијации.
Во време кога филмските професионалци се во немилост и страдаат за елементарна егзистенција, а филмските продукции бараат алтернативни начини да опстанат, дојде и информацијата дека во предложениот буџет за 2025та година, ставката за филм изнесува само 2.4 милиони евра, бројка која е пониска и од основниот буџет за 2024 година. Оваа вест, секој еден филмаџија ја дочекува во шок и неверување. 
Во изминатите неколку години ДФРМ многупати јавно укажуваше дека е потребно стандардизирање на буџетот за филм по претходно утврдени параметри, а особено во текот на 2023 година во неколку наврати алармираше дека проектираниот буџет од страна на Министерството за култура за филмската дејност за 2024 година, не е доволен за елеметарно да се покријат потребите на нашата кинематографија. 
Денес повторно јавно укажуваме дека предложениот буџет за филм за 2025 година не е доволен за елементарно да се покријат потребите на нашата кинематографија. Затоа бараме од Владата, од Министерството за култура и Министерството за финансии ревидирање на овој предлог и проектирање на реален буџет за филм. Воедно, како филмски автори и филмски професионалци за кои работата на филм значи се, ја истакнуваме неопходноста за кадровска консолидација во Агенцијата за филм.
Веруваме дека Министерството за култура ќе ги земе во предвид нашите укажувања и нема да ја продолжи погубната политика од минатите години, затворајќи ги очите пред успесите на македонскиот филм, ниту ќе го игнорира фактот дека нашите филмови се апсолутен предводник во промоцијата на македонската култура во светот. Исто така, убедени сме дека после долго време Министерството ќе покаже вистинско разбирање за специфичноста на филмската дејност и начинот на кој филмаџиите ја остаруваат својата материјална егзистенција.
Дозволете нѝ уште еднаш да ја искажеме нашата подготвеност за соработка со Агенцијата за филм, Министерството за култура, и сите останати релевантни институции, и ставање на располагање на капацитетите кои ги имаме во разбирање, поддршка и помош при утврдување на состојбите и изнаоѓање на решенија.


Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто Македонија треба да биде енергетски независна?
Следна Статија (ВИДЕО) За влакно избегната тепачка во Собрание – буџетот ги скара Битиќи и Стојановски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АлсатМ: Судскиот совет донесе одлука за утврдување одговорност за судијата Пајазит Пајазити

АлсатМ неофицијално дознава дека Судскиот совет на денешната седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити,…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти

- Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција ја обвини власта дека не презема ништо против поскапувањето на цените…

March 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Синот на пратеничката Коџаџику од ВЛЕН стана советник на директорот на М-НАВ

И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од ВЛЕН, Премтим Коџаџику, се вработи во Македонска навигација (М-НАВ) на советничко место на…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родителите на починатите од Пулс бараат одговор од Љутков и Лефков за спомен-обележјето за нивните деца

Здружението „16-ти Март 2025 – Кочани“ побара одговори од институциите за реализацијата на спомен-обележјето во чест на жртвите од трагедијата…

June 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?