Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ
МАКЕДОНИЈА

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Објавено December 11, 2024 09:31
Сподели
Сподели

Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот и се верува дека е пребеган во странство, работеле турбо откако тој поднел оставка во април 2023 од челната функција на државните електрани, објавува „Фактор“.

Фирмата Елтек Доо увоз-извоз Скопје, во која самиот Васко Ковачевски има удел од 10 отсто, а неговиот син поседува 90 проценти, работи на проектирање и изградба на трафостаници, но и на фотоцентрали и хидроцентрали.Приходите во 2023 се зголемиле за 78 отсто. Забележаниот приход е 525.000 евра, а добивката е зголемена за 2099 отсто, односно изнесува 92,3 илјади евра.Со слична дејност е и фирмата Елтек Градба Скопје, каде што Никола Ковачевски е единствен сопственик. Приходите се зголемиле за двојно повеќе минатата година и изнесуваат 569.000 евра. И добивката во 2023 бележи раст од 1.076 проценти, а заработката е 121.000 евра, пишува „Фактор“.

Бројот на вработени горе-доле останал ист. Синот Ковачевски ги поседува и фирмите Ембер Тим и Ембер Нетворк од секторот информации и комуникации, од кои едната има многу помали приходи, додека другата речиси никакви.

Фирмите на Ковачевски кои поседуваат лиценци за изведба, проектирање и надзор на градби од прва категорија за една година му донеле добивка поголема од 200.000 евра и приходи од околу 1,1 милион евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Фантом фирми црпеле од буџетот, на тоа се става крај, за прв пат во октомври имаме суфицит во буџетот, притоа зголемени плати и пензии
Следна Статија „Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања во конструктивна атмосфера, следната до крајот на годината во Софија

Средбата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што денеска и вчера се одржа во Скопје, поминала…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок

Првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација во Трубарево…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во ракетен напад погодена Амбасадата на Македонија во Киев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопје втор најзагаден град во Европа и деветти во светот

Скопјани и утрово дишат загаден воздух. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е втор најзагаден град во Европа, а…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?