Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фокусирани сме на зголемување на платите во образованието и во здравството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Фокусирани сме на зголемување на платите во образованието и во здравството
ЕКОНОМИЈА

Фокусирани сме на зголемување на платите во образованието и во здравството

Објавено October 14, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Ако не оваа среда, тогаш кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.

Како што изјави Димитриеска Кочовска, контурите на буџетот се во рамки на фискалната стратегија, а приоритет за покачување на платите ќе имаат образованието и здравството.

– Законскиот рок е најдоцна до 15 ноември. Се подготвуваме за Влада во среда, но не можам ништо да ветам, бидејќи има ситници што треба да ги издоговориме уште еднаш со некој од министрите каде што требаше уште нешто да биде скратено, така што доколку не успееме за оваа среда, следната недела нема да бидам тука, значи ќе му дојде некаде на крајот од месецот, вторникот, да се најде буџетот на владина седница. Во однос на контурите, може да се отвори Фискалната стратегија, генерално се движиме во тој круг, тоа што беше предвидено и веќе е објавено и помина веќе на Влада, така што контурите на буџетот за 2025 се во рамки на тоа што е во официјалната стратегија – истакна министерката.

Во однос на платите, таа напомена дека најобесправени или институции на кои најмалку се внимавало во изминатиот период се образованието и здравството.

– Во однос на покачувањето на платите, зборувавме во повеќе наврати дека сметаме дека најобесправени или најмногу погодени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството и токму сега сме фокусирани во тој дел. Во делот на образованието веќе имаме информација за договорот што го постигнавме, очекуваме сега и за здравството да видиме во која насока. Кога зборувам за здравство би потенцирала дека станува збор за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам зашто тие во минатото имаа повеќе покачувања. Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри – потенцира министерката, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на резултатите од работата на Царинската управа.

Според неа, ако наплатата на приходите продолжи како во првите сто дена, можеби ќе може да се зборува за покачување на платите и во други сектори.

– Не можам да зборувам ништо однапред. Сега ги разгледуваме бројките. Ако продолжиме со ваква наплата на приходите, можеме за многу различни работи да разговараме во иднина и за поголеми покачувања, но тоа што е во овој момент, значи само за 100 дена ако сме успеале да направиме поголема наплата во Буџетот, можете да замислите какви ни се очекувањата за 2025, со воведувањето на е-фактурата. Уште многу, многу повеќе, така што 2026, 2027 можеби ќе можеме да зборуваме за покачување во рамки на други сектори – рече Димитриеска Кочовска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме со покачување од октомвриската плата
Следна Статија Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови намалени цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со најновите цени на горивата кои ќе почнат од важат од полноќ 06-ти мај.…

May 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Белата куќа предлага компромис со Кина за извоз на Nvidia H200 чипови

Одлуката ќе отвори огромен пазар за производителот на чипови и ќе обезбеди дека американската технологија останува светски стандард.

December 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата

Секој предлог е добредојден, но мора да има анализи за стопанскиот раст и што може да поднесе државниот буџет, изјави…

January 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Се раѓа нов светски поредок: За што разговараа денеска лидерите на БРИКС

Денешниот самит на групата БРИКС беше посветен на актуелната геоекономска ситуација, објави Кремљ по виртуелниот состанок. Бразил свика видеоконференција за…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?