Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фолксваген планира да затвори три фабрики и да отпушти десетици илјади работници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Фолксваген планира да затвори три фабрики и да отпушти десетици илјади работници
Blog

Фолксваген планира да затвори три фабрики и да отпушти десетици илјади работници

Објавено October 29, 2024 09:00
Сподели
Сподели

Фолксваген, најголемиот европски производител на автомобили, планира да затвори најмалку три фабрики во Германија, да отпушти десетици илјади работници и да го намали капацитетот на преостанатите фабрики во земјата.

Овој драстичен потег доаѓа како дел од поширокото реструктурирање на компанијата, објави во понеделникот претседателката на работниот совет, Даниела Каваљо.

Компанијата со недели преговара со синдикатите за плановите за намалување на трошоците, вклучувајќи ја и можноста за затворање на фабрики во Германија, што би било сериозен удар за индустриската моќ во земјата. Фолксваген во понеделникот ја потврди потребата од реструктурирање, најавувајќи конкретни предлози кои ќе бидат претставени во среда.

Раководството е апсолутно сериозно за овие потези. Ова не е само закана како дел од колективното договарање“, им рече Каваљо на работниците во Фолксваген во Волфсбург, најголемата фабрика на компанијата. Каваљо додаде дека ова е почеток на „продажбата“ на најголемата германска индустриска групација на нејзиниот домашен пазар.

Овие изјави укажуваат на значајна ескалација на конфликтот меѓу работниците и раководството во Фолксваген, кој се соочува со високи трошоци за енергија и работна сила, конкуренција од Азија, намалена побарувачка во Европа и Кина и побавна од очекуваната транзиција кон електрични возила. Каваљо ја повика германската влада да создаде стратегија за спас на германската индустрија.

Раководството на Фолксваген во средата соопшти дека ќе претстави предлози како да се намалат трошоците за работна сила. Во соопштението посочуваат дека состојбата е сериозна и дека „без сеопфатни мерки за враќање на конкурентноста, инвестициите во иднина се неодржливи“.

Членот на управниот одбор на Фолксваген, Гунар Килијан, додаде дека трошоците во германските фабрики се и до 50% повисоки од конкуренцијата. Томас Шефер, шеф на брендот Фолксваген, изјави дека германските погони не се доволно продуктивни.

Проблемите на Фолксваген доаѓаат во време кога другите германски производители на автомобили, како Мерцедес, најавија дополнителни мерки за штедење поради падот на профитот. Порше, кој е во мнозинска сопственост на Фолксваген, го намалува бројот на продажни места во Кина поради слабата побарувачка.

Покрај сите горенаведени предизвици, германските производители на автомобили стравуваат од последиците од трговската војна меѓу ЕУ и Кина, имајќи предвид дека оваа недела треба да стапат на сила високите царини на ЕУ за кинеските електрични возила, пренесува Ројтерс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО| Горат гласачките кутии за американските избори, последнaтa во Вашингтон
Следна Статија Mладите Македонци најдоцна го напуштаат домот на родителите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

a

a

June 11, 2025
Blog

Микрософт издаде втора вонредна OS надградба за Windows 11 овој месец

Уште една вонредна надградба е издадена за корисниците на Windows 11 за да се реши голем проблем што предизвика Outlook…

January 26, 2026
Blog

Better Than Bouillon’s Worst Flavor Would Totally Oversalt Your Dishes – Tasting Table

While it boasts complexity, Better Than Bouillon's Seasoned Vegetable Base is the worst flavor due to its extreme saltiness that…

February 23, 2026
Blog

Околу 14.000 македонски граѓани останаа без денар вложувајќи пари преку Конти

Граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции преку различни апликации, апелираше денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и информира дека…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?