Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фонтаната Треви повторно отворена по реновирањето: Пристапот е ограничен на 400 посетители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Фонтаната Треви повторно отворена по реновирањето: Пристапот е ограничен на 400 посетители
ЗАБАВА

Фонтаната Треви повторно отворена по реновирањето: Пристапот е ограничен на 400 посетители

Објавено December 23, 2024 12:00
Сподели
Сподели

Фонтаната „Ди Треви“ во Рим денеска повторно беше отворена по завршувањето на вонредните работи за одржување во пресрет на јубилејната католичка „Света година“, која се слави на секои 25 години.

Работата за реновирање траеше три месеци и чинеше 327.000 евра, пренесе Анса.

На инаугурацијата на оваа знаменитост присуствуваа градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, како и советникот за туризам на градот Алесандро Онорато, советникот за култура Масимилијано Смериљо и надзорникот за наследство Клаудио Паризи Пресиче.

Пристапот до споменикот сега ќе биде ограничен на 400 посетители во секое време за да се избегне голема гужва.

Посетителите засега нема да мора да плаќаат билет, иако во иднина не е исклучено воведување такса, изјави Гуалтиери.

За време на работите за одржувањето, беше поставена патека за туристите да можат да ја видат римската знаменитост додека се чистеше.

На посетителите им беше дозволено да ја фрлат својата паричка во „корпата“ во преминот, со што ја изразија својата желба да се вратат во Вечниот град.

Фонтаната сега ќе биде отворена секој ден за ограничен број посетители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Очекувам разговор со Путин за да се реши конфликтот во Украина
Следна Статија СКАНДАЛ: Македонски бизнисмен-градежник со незаконски документ сакал да ја продава италијанската резиденција на Водно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ФОТО) Роџер Федерер доминираше со нов изглед, им одржа модна лекција на сите мажи

Роџер Федерер отсекогаш бил синоним за елеганција и стил, а тоа се уште е очигледно. Федерер отсекогаш бил најстилскиот и…

January 7, 2025
ЗАБАВА

Ќе има музички фестивал крај Дојранското Езеро: „Дојран Д-фест“ ќе се одржи од 25 до 27 јули

Продолжува традицијата на одржување на познатиот фестивал „Д-фест“ во Дојран, но сега со ново име „Дојран Д-фест“. Годинашново 17. издание…

June 26, 2025
ЗАБАВА

Џеј Ло за развод од Бен Афлек: Ништо не е случајно, се се случува со причина

Џенифер Лопез за британскиот Вог коментира дека ги надминува тешкотиите по разводот со Бен Афлек. Актерката зборуваше за магазинот по…

December 23, 2024
ЗАБАВА

(Фото) Обожавателка ја праша Северина кога ќе почне да се облекува според нејзините години: одговорот на пејачката ги насмеа фановите

Северина објави преписка со обожавател на својот инстаграм-профил, а одговорот на пејачката насмеа многумина. Обожавателот ја праша 53-годишната пејачка кога…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?