Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот
Blog

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Објавено December 21, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Хајделберг факултет Скопје со гордост го објавува официјалното формирање на Бизнис советот, стратешки советодавен одбор насочен кон зајакнување на соработката помеѓу академската заедница, студентите и бизнис секторот. Свечената церемонија се одржа денеска во просториите на факултетот.

Бизнис советот претставува платформа за заедничка работа чија цел е да се надминат предизвиците на пазарот на трудот, особено недостатокот на квалификуван кадар. Советот ќе овозможи поврзување на теоретското образование со реалните деловни потреби преку заеднички проекти, пракси и иновации.

„Формирањето на Бизнис советот означува нова ера на партнерство и раст,” изјави деканот на Хајделберг Скопје, проф. д-р Горан Василев, „посветени сме на развој на идни професионалци преку создавање средина каде што академијата и индустријата соработуваат за заеднички успех”.

Основачите на Советот се истакнати претставници од различни индустрии со заедничка визија за економски развој на земјата. Преку креирање мрежа од стратешки партнерства, Хајделберг има за цел да го поддржи професионалниот развој на младите и да ја зголеми конкурентноста на пазарот на трудот во Македонија.

Церемонијата вклучуваше воведни говори, презентација на целите на Советот и панел дискусија за развој на квалификувани кадри. Настанот заврши со сесија за вмрежување, поставувајќи основа за идни соработки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Славески: Наглото зголемување на старосната граница за пензионирање не е решение
Следна Статија Автомобил излета кај Мавровка, повредени две лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Вајмо ќе повлече софтвер поради однесувањето на роботакситата околу училишните автобуси

Доброволното повлекување доаѓа додека надзорот од страна на сојузните регулатори и локалните училишни власти се зголемува.

December 7, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Близнаци – сабота, 25 јануари 2025

1. 💡 Општа енергија на денот: Денеска ќе се фокусирате на изградба на стабилна самодоверба и на уживање во вашите…

January 25, 2025
BlogЗАБАВА

Испеа песна од Дизни и одби два милиони долари, а подоцна се збогати поради таа одлука

13-годишниот пејач и актер не само што одби да прифати два милиони долари од Дизни за култен филм, туку на…

August 12, 2025
Blog

Такер Карлсон: Oружјето што САД го дава на Украина завршува кај мексиканските нарко картели

Голем дел од оружјето што САД го испраќаат во Киев како воена помош завршува на црниот пазар, вклучително и во…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?