Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФОТО: Новите питомци на Воената академија положија заклетва, Мисајловски им честиташе на изборот да чекорат во институцијата со најголема доверба кај граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ФОТО: Новите питомци на Воената академија положија заклетва, Мисајловски им честиташе на изборот да чекорат во институцијата со најголема доверба кај граѓаните
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: Новите питомци на Воената академија положија заклетва, Мисајловски им честиташе на изборот да чекорат во институцијата со најголема доверба кај граѓаните

Објавено October 14, 2024 13:10
Сподели
Сподели

Триесет и три питомци од кои 25 од  Македонија (19 мажи и 6 жени), 5 питомци од Босна и Херцеговина и 3 питомци од Црна Гора денеска положија свечена заклетва во воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ како дел од 28. класа.

На настанот се обратиja претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богданоски.

Мисајловски им честиташе на изборот, нивната работна кариера да ја посветат на Армијата и граѓаните и да чекорат во институцијата која има најголема доверба кај граѓаните.

Тој додаде дека нивните први чекори се на Воената академија која е респектабилна високо образовна институција во широки рамки од која се излезени многу квалитетни офицери кои дале и даваат значаен придонес за афирмирање и развој на македонската Армија.

Во наредниве четири години заеднички и посветено да ги совладувате тајните на воената професија, да се усовршите, затоа што вие ќе специјализирате во област која е специфична и но карактеристична по стандардите, стручноста, дисциплината и најважно соработката. Заедно во следните 4 години ќе учите, ќе се обучувате и ќе придонесувате за развој на нашата соработката. Денес како питомци, а утре како офицери на Армии кои се грижат за безбедноста на своите сограѓани, пример за успех, пример за подготвеност, беспрекорно да ги совладувате предизвиците кои ни претстојат. Живееме во динамично време, во свет на брзи промени со огромен број технолошки иновации, време кога светот се менува речиси на секое поле. Живееме во време со изменета безбедносна средина, со голем број предизвици каде соработката и партнерството се најнапред есенцијални за брза адаптација, а преку заеднички пристап до соодветна реакција во насока на зачувување на цивилизациските вредности, слободата, правата и демократијата, нагласи Мисајловски.

Во обраќањето пред питомците, Сиљановска Давкова посочи дека нашата армија е составена од професионални, мотивирани и кредибилни старешини и војници кои во изминативе пет години како дел од НАТО, но и како дел од Партнерството за мир и бројните мисии, покажаа и се уште покажуваат и докажуваат дека можат да стојат рамо до рамо со колегите од најсилните армии и да постигнуваат највисоки резултати, одлично вршејќи ги своите задачи.

-Осовременувањето на армијата наметнува дополнителни вложувања во борбените средства, опремата, комуникациски системи. Сепак, за мене, најсилната страна на нашата армија е човечки капитал. Во тоа се уверивме не само за време на мисиите во странство, туку и во постојаните активности и учество при справување со кризите и непогодите и конкретната помош и поддршка на граѓаните. Со право сум и сме горди на припадниците на армијата и мора да се грижиме за офицерскиот подмладок. Доказ за капацитетот и квалитетот на Воената академија се и студиите за управување со кризи и заштита и спасување. Среќна сум што, покрај на питомците, денес имам можност да им се обратам и на бруцошите – студенти на прв циклус студии за управување со кризи и заштита и спасување. Станува збор за неопходен кадар и за клучен човечки ресурс во зајакнувањето на институциите, надлежни за справување со кризи и заштита и спасување, порача претседателката во своето обраќање.

Осврнувајќи се на драматичните климатски промени кои предизвикуваат страшни елементарни непогоди, таа истакна дека за соочување и справување со природните и другите закани, мора да изградиме силен систем на заштита и спасување во кој клучната улога ја имаат квалификуваните и посветени човечки ресурси.

-Вашата заклетва не само што ве обврзува, туку и ви го трасира патот кон живот исполнет со предизвици, но и со непроценливи можности. Воената професија не е лесна, но е благородна и исполнета со достоинство. Ова е пат кој треба да го изодите за да станете лидери, не само во Армијата, туку и лидери на НАТО алијансата, им порача на питомците деканот на Воената Академија, полковник Богдановски.

На настанот присуствуваа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор, Сашко Лафчиски, генерали, претставници на воено дипломатскиот кор, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на 28. класа питомци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шолц: ЕУ е целосна само со Западен Балкан
Следна Статија Масовни протести во Шпанија против високите кирии: Не се живее во сопствените градови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата ја прекинува постапката за разрешување на државниот јавен обвинител

Постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски Владата ќе ја прекине и доколку добие мислење од страна на…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова за смената на Коцевски: Политички одговорно е да се остави органот да работи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со смената на Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека во моментов е најважно да…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

„ИЗГУБИВМЕ ГОЛЕМ ЧОВЕК, ТОЈ ГО НАПРАВИ СВЕТОТ ПОДОБРО МЕСТО…“ Колегите со потресни зборови се простија од Васко, научникот од Македонија кој загина во Нови Сад

Васко Саздовски, научник од Македонија, загина во петокот во Нови Сад, кога се урна бетонска настрешница од зградата на железничката…

November 4, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?