Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фудбалерот на Севиља се вратил дома со својата вереница и начекал хаос (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Фудбалерот на Севиља се вратил дома со својата вереница и начекал хаос (ФОТО)
СПОРТ

Фудбалерот на Севиља се вратил дома со својата вереница и начекал хаос (ФОТО)

Објавено December 6, 2024 20:40
Сподели
Сподели

Куќата на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко е ограбена во Севиља каде што настапува за истоимениот шпански прволигаш. Откако се вратил од романтична вечера со својата свршеница, ја нашол куќата во хаотична состојба, оставена од разбојници кои барале скапоцености.

Инфлуенсерката и свршеничка на Барко, Јаз Јаурегуј, објави фотографија од уништената куќа на социјалните мрежи и напиша: „Стигнавме дома и ја затекнавме оваа ситуација. Дојдовме во земја полна со соништа, но не можеме да живееме во мир. Се е многу чудно, не им верувајте ни на сопствените сенки“.

Image

Се сомневаат дека е вмешан вработен

Таа понатаму напиша дека на снимката од безбедносните камери се гледа како двајца мажи влегуваат од соседна куќа, поминувајќи 50 минути внатре и излегувајќи 10 минути пред да се вратат дома. Јавно се посомневала во вработениот, „единствен кој знаел дека се излезени и за влезот од соседната куќа, и си заминал седум минути пред да влезат натрапниците“.

Барко е 20-годишен лев бек кој во јануари за девет милиони евра се пресели од Бока Јуниорс во Брајтон, а Англичаните го позајмија на Севиља летото без право на откуп. Сепак, тој не му се наметна на тренерот и досега има само осум настапи, главно влеувајќи од клупата.

Повеќе внимание од неговите игри привлекоа јавното запросување на Јаз минатата недела, на што таа со ентузијазам се согласи, но благосостојбата на младиот пар беше краткотрајна бидејќи беше нарушена од овој инцидент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ТРАМП ИЗБРА БОГАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Сите милијардери на претседателот милијардер тежат повеќе од БДП на 169 земји
Следна Статија Доктор Николов во посета на Гинекологија во Чаир- еден од бисерите на здравствениот систем во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Македонија загуби од Саудиска Арабија со 1-2 во пријателски меч

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија со 2-1 (1-1) во контролен натпревар што вечерва се одигра на неутрален терен…

September 4, 2025
СПОРТ

Дремнете преку ден: Финалето в недела можно е да доцни

Финалето на Светското првенство во фудбал кое треба да се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во…

July 16, 2026
СПОРТ

Со нив промаши пенал во финалето на СП: Kопачките на Роберто Баџо се во Скопје

Се сеќавате ли на финалето на Светското првенство во 1994 година во САД. Во финалето играа Бразил и Италија а…

May 16, 2025
СПОРТ

Шкендија фуриозна на Гибралтар

Екипата на Шкендија со убедлива победа од 5:0 на гостински терен против Европа од Гибралтар ја стартуваше новата европска сезона.…

July 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?