Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
МАКЕДОНИЈА

Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен

Објавено December 22, 2024 22:40
Сподели
Сподели

Регионалниот пат што води до селото Галичник не е прооден и по речиси еден месец од паѓањето на снегот во планинските подрачја.

Чистењето на патот може да биде оневозможено доколку се остварат најавите за нови врнежи и зголемување снежната покривка.

Претседателот на месната заедница. Александар Костиќ-Мијак за МИА информира дека по апелите од минатиот викенд да се обезбеди проодност на патот пат од Маврово до селото никој не се одзвал, но за два дена сепак бил отстранет дефектот и нормализирано снабдувањето со струја. Многумина сопственици на имот имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап.

– Во селото има 230 куќи, во кои сопствениците не можат да дојдат, а има и тројца постојни жители. Очекуваме да ни се овозможи проодност до Галичник кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација. Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден, вели Костиќ.

Од месната заедница очекуваат соодветна и навремена реакција на надлежните институции и нормализирање на состојбата, бидејќи како што посочува Костиќ, проодноста на патот не е само од важност за Галичник, туку по него се обезбедува и пристап за сервисирање во случај на дефект до 110 киловолтниот далновод

– Проодноста на овој патен правец не е само за Галичник. Покрај патот поминува и стратешкиот 110 киловолтен далновод, врската помеѓу централите Шпиље и Вруток. Во вакви услови и непроодност, поправката на дефектот би се оддолжила на подолг рок, па и од таа причина е важно да се обезбеди проодност и да се исчисти снегот, вели Костиќ и напомнува дека со најавите за нов, чистењето на стариот снег треба да биде интервентно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море
Следна Статија По 40 години се враќа „Бушава азбука“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи. „Овој успех е потврда за…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прифатлив е процентот од 0,35 отсто од БДП за судиите и обвинителите, како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 отсто членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека е прифатлив процентот од 0,35 отсто од БДП да се…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот

Добро утро Скопје, честит празник Македонијо! Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот, сподели утрово…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Travel and Leisure го вброи Охрид помеѓу 20-те најубавите дестинации во Европа

Охридското Езеро можеби поминува незабележано од бројни патници, но штом ќе здогледате неговите блескави води на сончев ден или ќе…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?