Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германија ја тресе политичка криза во време кога животниот стандард тоне најмногу по Втората светска војна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германија ја тресе политичка криза во време кога животниот стандард тоне најмногу по Втората светска војна
СВЕТ

Германија ја тресе политичка криза во време кога животниот стандард тоне најмногу по Втората светска војна

Објавено November 7, 2024 20:30
Сподели
Сподели

Шолц го разреши министерот за финансии, Кристијан Линднер, по што Слободната демократска партија најави дека ќе ги повлече сите свои министри од сојузната германска влада, а со тоа таа ќе остане без парламентарното мнозинство. Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, вчера, рече дека е подготвен да распише нови избори, кои Шолц ги предлага за крајот на март идната година, а опозицијата пред крајот на годинава. Во меѓувреме економијата продолжува да тоне и во третиот квартал, а министерот за економија Роберт Хабек најави дека годинава очекуваат пад на БДП од 0,2 отсто, со што продолжува негативниот тренд од минатата година

Економски ослабнатата Германија ја стресе и политичка криза. Се распаѓа коалицијата на канцеларот Олаф Шолц, откако во средата беше разрешен министерот за финансии, Кристијан Линднер. По неговото разрешување Слободната демократска партија (ФДП) најави дека ќе ги повлече сите свои министри од сојузната германска влада, а со тоа таа ќе остане без парламентарното мнозинство.

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер вчера рече дека е подготвен да распише нови избори посочувајќи дека крајот на една коалиција не е крај на светот.

-Тоа е политичка криза која мораме да ја надминеме. Нашата демократија е силна, но сега не е време за тактики и измами, туку за разум и одговорност, рече Штајнмаер, додавајќи дека на Германија и е потребно стабилно мнозинство и способна Влада.

Но, германскиот претседател има овластување да го распушти парламентот и да распише нови избори само под услов на Владата да и се изгласа недоверба, така што сега во фокусот на германската политика е тоа гласање.

Шолц предложи гласање за доверба на 15 јануари, со што нови избори би можеле да се одржат на крајот на март 2025 година, а на местото на разрешениот министер за финансии Линднер го предложи својот човек од доверба, поранешниот инвестициски банкар од Голдман Сакс, Јерг Кукис.

Шолц мора веднаш да побара гласање, а не да го чека јануари, одговори лидерот на германските опозициски конзервативци (ЦДУ), Фридрих Мерц.

-Коалицијата веќе нема мнозинство во германскиот Бундестаг (долниот дом на парламентот) и затоа мора да апелираме на канцеларот веднаш да побара гласање за доверба, најдоцна до почетокот на наредната недела, рече тој, пренесе Тагешау.

Во тој случај претседателот би можел да ги закаже изборите во рок од 21 ден.

Мерц исто така најави дека неговата партија е подготвена за разговори и да преземеме одговорност за Германија „и во овој случај“.

Како причина за разрешување на министерот за финансии Шолц го наведе незадоволството од неговата работа и рече дека работел за своите клиенти во партијата. Линднер, пак, му забележа на Шолц дека нема доволно лидерска сила и дека води погрешна економска политика. Меѓу другото, минатиот месец Линднер не се согласи со министерот за економија дека на автомобилските гиганти кои се во криза треба финансиски да им се помогне.

Според „Дојче Веле“ лидерите на владејачките партии – СПД, Зелените и ФДП претходно два ипол часа разговарале како коалицијата да излезе од кризата, во чиј центар е дефицитот од милијарди евра во нацрт-буџетот и како економијата да се извади од тешката ситуација.

По распадот на владејачката коалиција во Германија, се исцртуваат контурите на црвено-зелена малцинска влада во Берлин. Во владата на Шолц покрај разрешениот Линднер ФДП има уште три министри, кои ги покриваат ресорите правда, образование и сообраќај. Министерот за транспорт Фолкер Висинг рече дека сака да си ја задржи функцијата и покрај тоа што неговата ФДП ја напушти владата. Тој најави дека би си заминал од ФДП.

Владејачката коалиција составена од СПД, ФДП и Зелените се распаѓа по три тешки години владеење, меѓу другото и поради војната во Украина, рекордната инфлација и рецесијата. Германската економија е во тешка криза, а енергетскиот шок предизвикан од руската интервенција во Украина доведе до најголем пад на животниот стандард во земјата од Втората светска војна и пад на производството, што наликува на финансиската криза од 2008 година, пишува весникот „Гардијан“. Прелиминарните податоци од германската статистичка организација Дестатис, покажуваат дека економијата продолжува да тоне и во третиот квартал. Германскиот министер за економија Роберт Хабек најави дека годинава очекуваат пад на БДП од 0,2 отсто, со што продолжува негативниот тренд од минатата година.

Сликата на најсилната европска економија е до толку променета, што во опасна криза е и автомобилскиот гигант „Фолксваген“, кој затвора фабрики, отпушта работници и намалува плати. Како што пренесе „Ројтерс“ минатиот месец заврши со серија штрајкови на германските работници во електротехничката им металуршката индустрија, кои бараа зголемување на платите. Штрајкуваа вработените во „Порше“, „Мерцедес“ и „БМВ“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кос: ЕК ќе помага во спорот меѓу Бугарија и Македонија, останува обврската за промена на Уставот
Следна Статија Одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ: Средба Мицкоски – Макрон во Будимпешта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Европскиот парламент донесе одлука за целосна забрана на увоз на руски гас

Европскиот парламент го потврди постепеното и целосно прекинување на увозот на руски природен гас до крајот на 2027 година. Новата…

December 17, 2025
СВЕТ

Мапата ја открива траекторијата на куршумот: Напаѓачот го застрелал Чарли Кирк од речиси 200 метри оддалеченост, се уште се трага по него

Чарли Кирк, 31-годишен конзервативен активист и медиумска личност, беше застрелан во вратот додека зборуваше на митинг на Универзитетот Јута Вали…

September 11, 2025
СВЕТ

Додека Зеленски се кара со Трамп, Русија контролира две од четирите најголеми наоѓалишта на литуум во Украина

Во Украина постојат четири големи наоѓалишта на литиум, од кои две се под руска контрола: Еве кои се тие:  Шевченко (регион…

March 1, 2025
СВЕТ

Светот постигна нов климатски договор – 300 милијарди годишно за посиромашните земји за да се справат со климатските катастрофи

Светот се согласи на нов климатски договор на COP29 во Баку, Азербејџан, во саботата, при што богатите земји се обврзаа…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?