Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген
Blog

Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген

Објавено December 14, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл ги претстави плановите за ублажување на кризата во Фолксваген групацијата, најголемиот европски производител на автомобили, јави ДПА.

– Целта е да се задржат производствените капацитети на Фолксваген, да се спречат отпуштањата и да се преземат потребните инвестиции за иднината, вели Хајл во коментар за весникот „Аусбургер Алгемајн“.

Министерот за труд планира да продолжи државната помош што им се исплаќа на компаниите кои се во проблем за да им помогнат да ги задржат вработените до максимум две години, двојно повеќе од претходно.

– Нашата задача како држава е да го помогнеме ова решение со активна економска и индустриска политика, рече Хајл.

Најави дека германската Влада треба да донесе одлука за ова на редовната седница во среда.

Фолксваген се обидува да преговара за намалување на платите за 10% во тековните разговори со синдикатот на ИГ Метал, заедно со намалување на надоместоците и бонусите.

Компанијата се закани дека ќе ги затвори фабриките во Германија и ќе укине десетици илјади работни места.

Хајл инсистираше на тоа дека компанијата сè уште е профитабилна, но додаде дека е потребно решение засновано на партнерство помеѓу менаџментот и синдикатот.

Шефицата на синдикатото на ИГ Метал, Кристијане Бенер, изјави дека е „добро што владата дејствува сега“.

Таа рече дека продолжувањето на државната помош за намалување на работното време заради ублажување на отпуштањата ќе ја зголеми сигурноста на работните места и ќе им помогне на компаниите да ги задржат квалификуваните работници.

Фолксваген влегува во петтата и одлучувачка рунда разговори за платите со ИГ Метал во понеделник во Хановер.

ИГ Метал повика на договор пред Божиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пријавени злоупотреби при исплата на К-15 или регрес за годишен одмор
Следна Статија Поранешен фудбалер на Манчестер Сити избран за претседател на Грузија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Booking се соочува со тужби поради високите цени за сместување

Холандските здруженија за заштита на потрошувачите објавија дека имаат намера да поднесат тужба против дигиталната платформа за резервации на сместување…

June 27, 2025
Blog

Binance извештај за 2024та: Трансформација, рекорди и над 250 милиони корисници

Масовното усвојување на криптовалути забележа огромен пораст во текот на 2024 година - институционалните играчи дополнително го интензивираа своето учество,…

January 13, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Вага – вторник, 11 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денешниот ден носи енергија за осолободување од негативни мисли, отворање кон радост и повеќе дипломатски…

February 11, 2025
Blog

Анализа: Балтикот и Балканот нови центри за снабдување на Централна Европа со гас

Одлуката на официјален Киев за запирање на транзитот на руски гас преку украинска територија поттикна нова фаза во преобликувањето на…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?