Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген
Blog

Германската влада ќе понуди помош за ублажување на кризата во Фолксваген

Објавено December 14, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл ги претстави плановите за ублажување на кризата во Фолксваген групацијата, најголемиот европски производител на автомобили, јави ДПА.

– Целта е да се задржат производствените капацитети на Фолксваген, да се спречат отпуштањата и да се преземат потребните инвестиции за иднината, вели Хајл во коментар за весникот „Аусбургер Алгемајн“.

Министерот за труд планира да продолжи државната помош што им се исплаќа на компаниите кои се во проблем за да им помогнат да ги задржат вработените до максимум две години, двојно повеќе од претходно.

– Нашата задача како држава е да го помогнеме ова решение со активна економска и индустриска политика, рече Хајл.

Најави дека германската Влада треба да донесе одлука за ова на редовната седница во среда.

Фолксваген се обидува да преговара за намалување на платите за 10% во тековните разговори со синдикатот на ИГ Метал, заедно со намалување на надоместоците и бонусите.

Компанијата се закани дека ќе ги затвори фабриките во Германија и ќе укине десетици илјади работни места.

Хајл инсистираше на тоа дека компанијата сè уште е профитабилна, но додаде дека е потребно решение засновано на партнерство помеѓу менаџментот и синдикатот.

Шефицата на синдикатото на ИГ Метал, Кристијане Бенер, изјави дека е „добро што владата дејствува сега“.

Таа рече дека продолжувањето на државната помош за намалување на работното време заради ублажување на отпуштањата ќе ја зголеми сигурноста на работните места и ќе им помогне на компаниите да ги задржат квалификуваните работници.

Фолксваген влегува во петтата и одлучувачка рунда разговори за платите со ИГ Метал во понеделник во Хановер.

ИГ Метал повика на договор пред Божиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пријавени злоупотреби при исплата на К-15 или регрес за годишен одмор
Следна Статија Поранешен фудбалер на Манчестер Сити избран за претседател на Грузија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Биткоинот за прв пат надмина 111.000 долари

Биткоинот за прв пат надмина 111.000 долари, достигнувајќи рекордно високо ниво, а трговците се сè повеќе оптимисти за изгледите за…

May 22, 2025
Blog

Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди

Во соработка на „Лидл Македонија“, Министерството за транспорт и Стопанската комора на Македонија, во Скопје се одржа конференција „Бизнис-со-бизнис“ посветена…

May 30, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Јарец – сабота, 15 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот ќе донесе моменти на освободување од негативни мисли и отворање кон радост, покрај страста…

February 15, 2025
Blog

Бизарноста на американските царини: Еден клип ја поминува границата шестпати

САД воведоа царини за сите увезени автомобили и делови во износ од 25 отсто што значи дека нема да има…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?