Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германски државјанин се изгубил на Скопска Црна Гора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Германски државјанин се изгубил на Скопска Црна Гора
ХРОНИКА

Германски државјанин се изгубил на Скопска Црна Гора

Објавено January 30, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Во координирана акција на МВР, ЦУК и АМСМ, а по јавување на германската служба за помош на пат, синоќа успешно беше пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора.

Од ЦУК информираат дека изгубениот 70 годишен германски државјанин, кој зборувал и на турски јазик, немал македонски телефонски број при животозагразувачката ситуација и прво за помош се јавил во матичната државата Германија, по што почнала акцијата за негово спасување која успешно завршила.

-По пријава од страна на дежурен вработен во АМСМ, а добиени податоци од Германската служба за помош на пат (којашто служба соработува и е слична со нашата АМСМ) во Центарот за управување со кризи ЦУК беше добиена информација дека е изгубено повозрасно лице после село Блаце, на планината Скопска Црна Гора во правец кон селата Брест и Танушевци, со координати дадени на АМСМ од страна на Германската служба за помош на пат. Лицето немало јадено веќе еден ден и истото било исплашено за својот живот во мракот во планината. АМСМ имале контакт преку Германската служба за помош на пат за состојбата на изгубеното лице, но во момент на координацијата со Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) немале можност за контакт со лицето. Затоа од страна на АМСМ во ЦУК биле дадени и два странски телефонски броја од изгубеното лице. Во потрагата биле корисни и дел од информации добиени на 112 во ЦУК.

Инаку, според развојот на настанот, Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш по вклучувањето во истрагата, известиле дека за пријавата, добиена околу 18:00 часот, за изгубеното лице на падините на Скопска Црна Гора бил воспоставен телефонски контакт со полициските станици (ПС) Мирковци и ПС Танушевци на коишто им била пренесена информација дека, согласно пројавените координати за изгубеното лице, истото е можно да се наоѓа во непристапен терен за што ќе има потреба од теренско моторно возило (со погон 4Х4) за да се стаса до лицето. Истовремено од ЦУК биле информирани и надлежните на Општина Чучер Сандево за нивно можно вклучување во потрагата согласно развојот на ситуацијата и потребите на потрагата, информира ЦУК.

Од ЦИК на МВР известија околу околу 19.30 часот дека потрагата по изгубеното лице на падините на Скопска Црна Гора завршила успешно и дека лицето е пронајдено.

При потрагата беше вклучен и Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК при што беа прибрани дополнителни информации (од роднини што информираа за случајот) што би било можно да бидат корисни при конкретната потрага. Изгубеното лице било заглавено на планинскиот пат претходно со патничко моторно возило (пмв) „тигуан“, црвена боја со германски регистерски ознаки. Според дополнителните информации изгубеното лице продолжило да се движи пешки во правец, кон некоја куќа којашто ја забележал во далечината додека се стемнувало, на околу 15-тина километри оддалеченост од него, но дека не стигнал до неа и се изгубило, а по неговото јавување за помош во Германија, акцијата за негово спасување почнала и успешно завршила во координирана акција на Германската служба за помош на пат, македонската АМСМ, МВР и на ЦУК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Бик – четврток, 30 јануари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Близнаци – четврток, 30 јануари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возел со 2,60 промили алкохол во крвта, па излетал од пат

Вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, патничко возило „фиат стило“…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Жена претепана од вонбрачниот партнер

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за…

January 17, 2026
ХРОНИКА

Криминалец се качил на дрво како Тарзан ѝ бегал од полицијата, го спасувала пожарна

Полициската потера во скопско Дебар Маало се претворила во вистинска крими комедија. Според видеата што се споделуваат на социјалните мрежи,…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Силувана малолетничка во Македонија

На 23.01.2025 во 14 часот во радовишкото село Прналија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Е.(24)…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?