Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германски суд: Дубаи чоколадото мора да се произведува во Дубаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Германски суд: Дубаи чоколадото мора да се произведува во Дубаи
Blog

Германски суд: Дубаи чоколадото мора да се произведува во Дубаи

Објавено January 14, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Иако благцето познато како дубаи-чоколадо стана исклучително популарно и барано во Германија, судот во Келн пресуди дека под тоа име може да се рекламираат само производите што, всушност, се направени во Дубаи.

Рачно изработените чоколадни производи од линијата „Алјан Дубаи“, кои се продаваат во дисконтниот синџир „Алди Суд“, станаа вистински хит откога се појавија во продажба во декември.

Десертот, кој во светот стана познат како чоколадо од Дубаи благодарение на „Тик-ток“, е комбинација од кремасти ф’стаци, крцкав кадаиф и чоколадо.

Но, окружниот суд во Келн издаде привремена забрана против синџирот супермаркети „Алди Суд“ да го продава производот тврдејќи дека името е погрешно бидејќи производите, всушност, биле произведени во Турција, а „Алди“ мора да престане да продава дубаи-чоколадо.

Производот може да биде означен како дубаи-чоколадо во Германија само ако е произведен во Дубаи или има географска врска со него.

Тужбата пред судот ја поднесе увозникот на кондиторски производи, Андреас Вилмерс, кој продава производи од брендот „Фекс“ од Дубаи во Германија.

Во декември Вилмерс ги пријави „Лидл“ и производителот на чоколади „Линдт“ поради истата причина. Одлуката на судот сè уште не е правно обврзувачка и „Алди Суд“ има право на жалба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обвинение за судијка и сопственици на фирма од Велес поради измама со документи во катастар
Следна Статија Царината заплени возило адаптирано за криумчарење, фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Кои земји ќе бидат најпогодени од американските царини?

Една петтина од извозот од Европската Унија оди во Соединетите Американски Држави. Царините врз секторот за производство на автомобили најтешко…

July 12, 2025
Blog

Договор вреден милијарди евра и најава за создавање „глобален шампион“: Индиската „Тата моторс“ го купува „Ивеко“

Индиската компанија Тата Моторс објави дека ќе ја купи италијанската групација Ивеко за 3,8 милијарди евра. Според официјалните информации, Тата…

July 31, 2025
Blog

Фолксваген прв пат во историјата затвара фабрики, почнаа штрајкови, а на илјадници работници преку ноќ им се закануваат откази?!

Вработените во Фолксваген почнаа со предупредувачки штрајкови низ Германија, по неуспехот на разговорите за намалување на трошоците меѓу синдикатите и…

December 2, 2024
Blog

Мета казнета во Африка

Суд во Нигерија ја отфрли жалбата на Мета против казната од 220 милиони долари што му ја изрече на сопственикот…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?