Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германските компании се заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија – средба Божиновска со германската стопанска комора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Германските компании се заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија – средба Божиновска со германската стопанска комора
ЕКОНОМИЈА

Германските компании се заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија – средба Божиновска со германската стопанска комора

Објавено January 28, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со претставници на германската стопанска комора (AHK Северна Македонија). На средбата на која присуствуваше директорката на АХК, Антје Ванделт и заменик германскиот Амбасадор, Јан-Аксел Фос, се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на партнерството со Германија во процесот на премин кон обновливи извори на енергија и декарбонизација. Таа ги презентираше тековните активности, вклучувајќи го новиот Закон за енергетика кој стапува на сила оваа година, како и плановите за зголемување на инвестициите во соларни и ветерни капацитети.

Антје Ванделт ја нагласи заинтересираноста на германските компании за инвестирање во зелени проекти во Македонија, особено во секторите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Тие ја истакнаа важноста на стабилната регулаторна рамка и транспарентните процедури за привлекување на странски инвестиции. Воедно ја информираше министерката и го најави делегациското патување на тема: „Децентрално снабдување со енергија преку сопствени фотоволтаик системи“, кое ќе се одржи оваа година и ќе овозможи воспоставување на соработка помеѓу германски и македонски стопанственици.

Двете страни се согласија дека зајакнувањето на соработката во енергетскиот сектор ќе придонесе за економски раст. Министерката Божиновска ја изрази својата благодарност за поддршката од германските партнери и ја потенцираше посветеноста на Владата за создавање поволна бизнис-клима за странските инвеститори.

Оваа средба претставува продолжение на досегашната успешна соработка меѓу Македонија и Германија во областа на енергетиката. Во декември минатата година, министерката Божиновска учествуваше на стручната конференција за декарбонизација организирана од АХК Северна Македонија, каде што беа разгледани можностите за проширување на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во регионот.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на реализација на стратешките цели за енергетска транзиција и одржлив економски развој, во тесна соработка со меѓународните партнери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп ќе направи огромни промени во глобалната автомобилска индустрија
Следна Статија Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Али Рашед Лута: Да ја продлабочиме нашата соработка

Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, претставници од…

September 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Биткоин под $80.000: Утринска анализа на азиските пазари

Пазарите на опции сигнализираат растечки ризик додека ликвидациите се зголемуваат, со постепени промени во предвидувањата за јануари.

February 3, 2026

Ветувањата на Илон Маск кои не се оствараа во 2025 година

Маск стана познат по своите неостварени ветувања, и овој пат тоа е уште појасно

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија

Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со Соединетите Американски Држави и…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?