Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ги пукаа за долг од 7000 евра – таткото загина, синот денес пуштен на домашно лекување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ги пукаа за долг од 7000 евра – таткото загина, синот денес пуштен на домашно лекување
ХРОНИКА

Ги пукаа за долг од 7000 евра – таткото загина, синот денес пуштен на домашно лекување

Објавено November 10, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Пуштено е на домашно лекување, 20-годишното момче кое беше тешко повредено при пукање во Арачиново на 1 ноември. Тогаш беше убиен 56-годишниот татко на момчето.

Во врска со вториот пациент, примен на 1 ноември во Ургентниот центар со прострелни рани, информираме дека пациентот е во добра општа здравствена состојба и пуштен на домашно лекување, соопштија вечерва од ТОАРИЛУЦ.

Како што појаснуваат, медицинските екипи кај овој пациент веднаш ја извршиле неопходната дијагностика, по што била извршена хируршка интервенција, што поминала во најдобар ред.

Од Секторот за внатрешни работи – Скопје на 3 ноември информираа дека ги расчистиле убиството и обидот за убиство врз таткото и синот. Убиството било извршено со огнено оружје. Бил утврден идентитетот на сторителите – две лица на возраст од 23 и 31 година.

Осомничените, како што соопшти тогаш Јавното обвинителство, заеднички и со умисла на подмолен начин лишиле од живот едно лице, а се обиделе да го лишат од живот и неговиот син, поради нерасчистени должничко доверителски односи – долг од 7.000 евра, што, сега починатиот, го имал кон покојниот татко на осомничените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трансродовата ќерка на Илон Маск ќе се селела во странство оти победил Трамп, па се скараа со татко и на Твитер
Следна Статија (ФОТО) Медицинска сестра отишла на одмор во Будимпешта, неколку дена подоцна нејзиното тело било пронајдено во куфер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта

Изминатата ноќ, околу 01.00 часот по полноќ, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Доброшане во Куманово, полициски…

March 30, 2025
ХРОНИКА

Одземено „Порше“ – приведен возач од Србија кој управувал со 188 километри на час

Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „Порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“.…

June 19, 2026
ХРОНИКА

Две девојки се степале во Градски парк

Две девојки физички се пресметале вчера во Скопје, среде бел ден. На 25.09.2025 во 15:10 часот во СВР Скопје е…

September 26, 2025
ХРОНИКА

Притвор за 23-годишен педофил, нападнал 11-годишно дете од Желино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?