Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари – поднесена пријава за злоупотреба на службена положба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари – поднесена пријава за злоупотреба на службена положба
ХРОНИКА

Го оштетил буџетот на МВР за скоро 80.000 денари – поднесена пријава за злоупотреба на службена положба

Објавено December 18, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Р.А. од Скопје поради постоење основи за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен како началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во периодот од октомври 2022 година до јуни 2024 година, во месечни интервали и континуирано, две вработени со статус на овластено службено лице на работно место виш документарист во единицата, со кој што раководи, ги предвидувал и одобрувал во плановите и групите за домашно дежурство како извршители.

Пријавениот, постапувајќи спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР за домашно дежурство, на вишите документаристи кои немаат статус на полициски службеници им овозможил да бидат ангажирани за домашно дежурство, со  што се стекнале со противправна имотна корист од 79.804 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.
Следна Статија И во 2025 година продолжуваме со инвестициите и вложувањето во одбраната, порача Мисајловски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсена сопругата на докторот кој беше застрелан во Куманово, била вмешана во обидот за неговото убиств

На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека…

October 8, 2025
ХРОНИКА

Оштетени се шест возила во Куманово на вчерашната прослава на Денот на албанското знаме

Шест возила биле оштетени за време на прославата во центарот на Куманово по повод Денот на албанското знаме, а едно лице…

November 29, 2024
ХРОНИКА

Допирал малолетничка по тело, уапсен штипјанец

Полицијата денеска во 8:15 часот во Штип го лишила од слобода Ѓ.П.(70) од Штип. Како што соопшти МВР, полицијата постапила…

July 29, 2025
ХРОНИКА

Жители на Карпош внимавајте, има зголемен број на кражби

Министерството за внатрешни работи потврди дека во изминатиот период се поднесени три пријави за тешки кражби во Полициската станица Карпош.…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?