Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Го стартувал Мерцедесот неколку дена по поплавата во Валенсија и го извлекол од гаража: „Овој модел би го преживеал и крајот на светот!“ (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Го стартувал Мерцедесот неколку дена по поплавата во Валенсија и го извлекол од гаража: „Овој модел би го преживеал и крајот на светот!“ (ВИДЕО)
ЗАБАВА

Го стартувал Мерцедесот неколку дена по поплавата во Валенсија и го извлекол од гаража: „Овој модел би го преживеал и крајот на светот!“ (ВИДЕО)

Објавено November 12, 2024 23:00
Сподели
Сподели

Еден од најпрепознатливите автомобили на сите времиња, Mercedes W123, уште еднаш ја покажа својата издржливост, овој пат во екстремни услови.

Видеото кое привлече милиони прегледи на социјалните мрежи покажува како овој класичен Мерцедес се стартува од поплавената гаража во Валенсија, само неколку дена откако беше потопен за време на катастрофалните поплави.

Сопственикот го извлекол автомобилот од калта користејќи го само неговиот погон, а глетката на легендарната „машина“ која излегува на сонце ја воодушеви автомобилската заедница ширум светот.

Овој модел популарно познат како „Taxianer“ се произведуваше во Германија од 1975 до 1986 година и веќе се здоби со култен статус поради неговата неверојатна издржливост и долговечност. Многу ентузијасти тврдат дека овие автомобили се ретки и денес веќе не се произведуваат во толку цврста форма, пренесе Ауто Клуб.

Мерцедес W123 има долга историја во такси услугите ширум светот, поминувајќи милиони километри без некои поголеми проблеми, а неговите наследници од сериите W114, W124 и W210 се познати по тоа што поминаа преку милион километри без позначајни дефекти.

Еден од најпознатите примери е Mercedes 240 D W123, кој поминал дури 7 милиони километри како такси, додека неговиот претходник, Mercedes 240 D W114, поминал 4,6 милиони километри во Грција пред да заврши во музеј. Ова само го потврдува статусот на W123 како едно од најиздржливите возила во историјата на автомобилската индустрија.

Легендата за Mercedes W123 очигледно живее, а ова видео од Валенсија е само уште еден доказ за неверојатната издржливост на овој автомобил, поради што многумина сè уште го сметаат за икона на автомобилската индустрија.

Видеото може да го погледнете тука

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски објави системски мерки за намалување на загаденоста на воздухот
Следна Статија Помпеја ќе го ограничи бројот на дневните посетители на 20.000

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Го смени презимето и стана милионерка: Која е жената во ложата на Ѓоковиќ

Ребека Мекдоналд, една од најуспешните и најбогатите жени од српско потекло во светот, чие богатство се проценува на околу две…

July 10, 2025
ЗАБАВА

Икс не е достапен за корисниците

Социјалната мрежа Икс (X) денеска е недостапна за десетици илјади корисници ширум светот од 16 часот по средноевропско време. Голем…

May 24, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Тијана исвиркана во Белград откако го поздрави „чичко“ Ивица Дачиќ

Српската пејачка со македонско потекло Тијана Дапчевиќ вчера беше исврикана во Белград.Таа учестуваше на концертот на детскиот хор „Чаролија“ на…

December 23, 2024
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Голема огнена топка го осветли небото над Бразил, никој не знае за што станува збор

Огнена топка го осветли небото над Бразил вчера вечер, чие потекло сè уште е непознато. Како што објави порталот g1…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?