Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голема полициска акција утрово – приведени 29 лица меѓу кои и екс директори на РЕК Битола меѓу нив и Васко Ковачевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Голема полициска акција утрово – приведени 29 лица меѓу кои и екс директори на РЕК Битола меѓу нив и Васко Ковачевски
ХРОНИКА

Голема полициска акција утрово – приведени 29 лица меѓу кои и екс директори на РЕК Битола меѓу нив и Васко Ковачевски

Објавено December 10, 2024 09:16
Сподели
Сподели

Од рано изутрина полицијата и јавното обвинителство тргнаа да расчитуваат со политичкото криминално подземје во РЕК Битола, триесетгодишна корупциска пандемија оставена во наследство.

Според „Плусинфо“, Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и поранешен член на Управниот одбор на компанијата, близок соработник на поранешниот премиер Зоран Заев, е едно од звучните имиња опфатени во денешната акција на МВР, за откривање на повеќе дела поврзани со епскиот криминал во РЕК Битола, во ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино, за кој се говори подолго време.

Опфатени вкупно 29 физички и 4 правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје дознава Плусинфо за осомничените во мега-акцијата на МВР..

Осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, на списокот на осомничени е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.

Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола.

Стефанов и Матевски се осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение.

Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.

Станува збор за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј, при што осомничените членови на злосторничкото здружение нанеле штета и стекнале противправна имотна корист од околу 6,5 милиони евра.

Како организатор на злосторничкото здружение е осомничено лицето Данчо Стојановски од Велес, кој бил комерцијален директор на ЕСМ пред Муча. Во потрага по докази, отворени се два сефа на Данчо Стојановски.

Како организатор е осомничена и Маја Јорданова од Велес, во својство на носител на договорот за адитивите. Името на оваа велешанка вработена во АД Пошта, сопственичка на приватна компанија без ниту еден работен, прв пат во медиумите се спомна во врска со милионска зделка за адитиви од Италија за државната ЕСМ, што ја добила како единствен понудувач.

Данчо Стојановски и Маја Јорданова се братучеди.

Со акцијата е опфатен и Небојша Стојановиќ од Неготино, исто така како организатор. Тој е поранешен директор на ТЕЦ Неготино. И неговото име се вртеше во медиумите, поради една поголема зделка што ја склучила фирма на неговата сопруга Милица со РЕК Битола, каде како потписник од другата страна се јавува осомничениот битолчанец Пеце Матевски.

Небојша Стојановиќ, брат му Ранко, татко му Мирко и жена му Милица се осомничени и за перење пари. Таму каде што е докажано дека постои кривичното дело Перење пари, ќе се бара средствата да се замрзнат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се распаѓа ли Европскиот Фронт?! Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата
Следна Статија Јане Ченто: Токму Енвер Беџети одлучуваше по жалбите за случајот „27-ми април“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Уште еден осуденик ќе издржува казна дома со електронска алка

Управата за извршување на санкциите започна со извршување на третата судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја…

March 24, 2026
ХРОНИКА

Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 година на свиреп начин ја уби штипјанката Емилија Пешева,…

February 10, 2025
ХРОНИКА

Разбојници на секој чекор: Нападнале и ограбиле маж кој разменувал пари во менувачница

Кумановското обвинителство почна истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?