Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ГОРДИ СМЕ НА НАШАТА АРМИЈА: Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ГОРДИ СМЕ НА НАШАТА АРМИЈА: Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства
МАКЕДОНИЈА

ГОРДИ СМЕ НА НАШАТА АРМИЈА: Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства

Објавено December 28, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска (28 декември) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец преку видео-конференциска врска разговараа со македонските мировници ангажирани во мировни мисии и операции во странство.

Во присуство на стотина членови на семејствата на мировниците, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека е горда на припадниците на Армијата кои се во миротворни мисии, но дека е уште погорда на нивните семејства и дечиња.

„Навистина, многу му благодарам на министерот за одбрана, бидејќи ова што се случува овде нè спојува со нивните родители и мислам дека нема да има погорди од нив на своите татковци во мисиите“, рече претседателката.

Сиљановска-Давкова им порача на мировниците да ја завршат работата професионално и дисциплинирано и да се вратат здрави и живи.

„Бидете во постојан контакт со нас и со вашите семејства и бидете сигурни дека во ваше отсуство ние ќе се грижиме за нив. Нашите мисли се со вас. Она што го правите навистина е за огромен респект. Од срце ви посакувам најубава 2025 година, вам, на вашите дечиња, на вашите семејства“, рече претседателката.

Началникот на Генералштабот, генералот Лафчиски порача дека на овој традиционален настан семејствата на мировниците имаат можност да видат како Армијата се грижи за своите мировници.

Преку видео конференциската врска говореа и претставниците на македонската Армија кои извршуваат задачи во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, ЕУ операцијата во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, мисијата на ООН во Либан, УНИФИЛ и мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија.

По неформалното дружење на семејствата на мировниците со претседателката Сиљановска-Давкова, министерот Мисајловски и генералот Лафчиски, на децата им беа поделени новогодишни пакетчиња.

Предновогодишната активност беше заокружена со традиционалното пристигнување на Дедо Мраз со хеликоптер и поделба на пакетчиња на децата на припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од денеска USB-C е стандард за полнење електронски уреди во ЕУ
Следна Статија Приведен Јован Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево во повеќе делови од земјава

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град попладнево зафати повеќе делови од земјава. Како…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Беким Сали на местото на Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер

Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на Општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ирена Јовева до пола го поддржа Извештајот на ЕП за Македонија

Европскиот парламент денес го усвои извештајот за напредокот на македонската држава на нејзиниот пат кон Европската Унија. Европратеничката Ирена Јовева…

June 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски се осврна како членството на Македонија…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?