Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
ЕКОНОМИЈА

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Објавено December 16, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 76,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 70,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,01 денар за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,765 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек:за 2,663 отсто, кај дизелот за 0,726 и кај мазутот за 0,145 отсто,  додека кај екстра лесното масло има намалување за 0,975 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,1387 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
Следна Статија Притвор за 4 лица уапсени во Струга и Гостивар, осомничени за планирање настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Домаќинствата најмногу трошат на храна и пијалоци

Домаќинствата во 2023 година половина од домашниот буџет го трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни…

December 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: Граѓаните заслужуваат да возат по модерни, брзи и безбедни патишта

Не е доволно само постојано да говориме за важноста на Коридорот 8 и за поврзувањето на државата со регионот, туку…

May 3, 2025

Азиски акции: Австралија зајакната од BHP, Јапонија продолжува со загуби поради слаб БДП

Азиски пазари во мешан тек, Јапонија забележува загуби поради економски предизвици

February 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Треба добро да се размисли за зголемувањето на старосната граница за пензионирање, сметаат пензиските друштва

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е прашање на кое мора да му се посвети посебно внимание, а притоа да…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?