Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
ЕКОНОМИЈА

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Објавено December 16, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 76,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 70,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,01 денар за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,765 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек:за 2,663 отсто, кај дизелот за 0,726 и кај мазутот за 0,145 отсто,  додека кај екстра лесното масло има намалување за 0,975 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,1387 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
Следна Статија Притвор за 4 лица уапсени во Струга и Гостивар, осомничени за планирање настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Инвестиции во нова железничка линија и градски воз за почист воздух

Премиерот Христијан Мицкоски денес направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. -Јас би сакал само да им…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Исцицал“ ли навистина Лајонес-Мајворлд од Македонија 150 милиони евра?

Група од педесетина граѓани на Македонија, кои биле дел од Лајонес-Мајворлд шемата во земјава, проценуваат дека со овој пирамидален финансиски…

September 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Царина и Централен регистар договорија е-размена на податоци за царински долг – хартиените потврди наскоро заминуваат во историјата

Царинската управа и Централниот регистар договорија дигитална размена на податоци за царински долг, со што хартиените потврди кои се потребни…

October 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

До 3,5 милиони превезени патници до крајот на годинава

Владата продолжува со политиката на субвенционирање и отворање нови авиолинии, со цел подобра поврзаност на земјава со европските и светските…

June 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?