Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот Стевчо Јакимовски ѝ се извини на министерката Весна Јаневска што ја нарече „северџанка“

Објавено October 17, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно ѝ се извини на министерката за образование Весна Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“ и истовремено ја повика на средба на која би ги разгледале можностите за решавање на проблемот околу долговите за греење на училиштата во Карпош.

Имам високо мислење за госпоѓата Јаневска. Јавно ѝ се извинувам за тоа што ја нареков „северџанка“. Мислам дека госпоѓата не го заслужува тоа. Но, ние мораме да разговараме. Не можеме да кажеме „ние сме ги исплатиме парите, а општината треба да знае да менаџира со нив“. Замолувам за наредниот буџет да се расчистат овие работи.

Станува збор за околу 16 милиони денари, токму тие пари ни недостасуваат. Минатата година плативме 6 милиони денари, годинава имаме 8,3 милиони денари за греење. Тоа се големи пари за локалната самоуправа. Од друга страна имаме општини кои се бањаат со пари. Замислете општина Желино ќе финансира академија на науки и уметности. Жал ми е што мораме вака во јавност да се препукуваме. Вистински одговор е „да, има помалку средства за училиштата во Карпош, ама се надеваме со наредниот буџет дека тие средства ќе се контрибуираат за да се платат тие сметки“. Во спротивно треба да се фрлиме на штедење.

Со задоволство би сакал да се видам со министерката. Таа е релативно кратко во тоа министерство. Знам дека има многу проблеми. Има преку 400 училишта. Но, сите како општество треба да видиме што можеме да направиме за да обезбедиме услови за нормално функционирање на училиштата во општината, изјави градоначалникот Јакимовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура
Следна Статија Зоран Ускоковиќ-Сколе го нарачал убиството на Аркан, таткото и синот завршија на идентичен начин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани

Обдукцијата на починатите во пожарот во дискотеката во Кочани е завршена денеска, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директорот на АНБ Бојан Христовски доби НАТО сертификат

Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, добил позитивно мислење и сертификат за пристап до тајните на НАТО, дознаваме…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објектите на ФИНКИ и ДИФ намерно беа оставени да пропаѓаат цели 10 години, вели Јаневска

Министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека објектите на ФЕИТ и Факултетот за физичка култура намерно биле оставени недоградени цели…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши против „ад-хок“ отворање на Уставот

Прашањето за воведување на институтот „Уставна жалба“ и евентуални уставни измени е чисто политичко прашање за кое е потребен консензус…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?