Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните се повеќе се одлучуваат да плаќаат електронски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните се повеќе се одлучуваат да плаќаат електронски
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните се повеќе се одлучуваат да плаќаат електронски

Објавено October 7, 2024 10:52
Сподели
Сподели

Податоците на Народната банка за платежната статистика за вториот квартал од 2024 година, покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на решенијата за мобилно плаќање при електронско иницирање на кредитните трансфери, односно платните налози.

Во вториот квартал од 2024 година, е забележан значителен годишен пораст во бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во домашната трговија, со картички издадени од местните даватели на платежни услуги, од 17,2% и 16,2% соодветно. Овој раст на платежните трансакции претежно произлегува од зголемувањето на плаќањата преку е-трговија за 21,8%, и од растот на плаќањата преку ПОС уредите за 16,8%, извести Народната банка.

Забележан е годишен пораст во плаќањата на граѓаните преку платни налози, особено во бројот на платежни трансакции со 9,4%, и помал пораст од 0,9% во вредноста на реализираните трансакции, со продолжена зголемена употреба на дигитални канали за иницирање на плаќањата.

Во вториот квартал од оваа година, бројот на платежни трансакции извршени преку мобилни апликации е зголемен за 44,3% во споредба со истиот период лани, додека трансакциите преку онлајн банкарство бележат раст од 12,6%. Граѓаните користеле апликации за мобилно плаќање за 63,7% од вкупниот број на електронски иницирани платни налози, што покажува дека се повеќе се определуваат за овие побрзи и поедноставни методи за плаќање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извозот во земјава намален за 5,7 отсто – Македонија годинава најмногу тргувала со Германија и Велика Британија
Следна Статија (ВИДЕО) Премиерот Мицкоски со највисоки почести го пречека српскиот премиер Вучевиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нередовното читање на струјомерите оди на штета на граѓаните, а ЕВН профитира

Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица

На 30 декември 2025 година во просториите на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, беше потпишан Трипартитен договор…

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Nvidia станува првата компанија во историјата што вреди 5 трилиони долари

Nvidia денес стана првата компанија во историјата што вреди повеќе од 5 трилиони долари (5.000 милијарди долари). Денешниот пораст на…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните имаат рок до 1 јуни да ги потврдат даночните пријави за 2025 година

Управата за јавни приходи ги потсети даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?