Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Груби веќе не е професор по новинарство во Тетово, отказот му е пратен по мејл
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Груби веќе не е професор по новинарство во Тетово, отказот му е пратен по мејл
МАКЕДОНИЈА

Груби веќе не е професор по новинарство во Тетово, отказот му е пратен по мејл

Објавено January 8, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Деканот на Правниот Факултет при Универзитетот во Тетово, Сафет Емурли за МИА информира дека на Артан Груби, кој бил вработен како професор на отсекот по новинарство, му е испратено решение за отказ.

Груби бил таму вработен од 2012 година, а поради вршење јавна функција, местото било во мирување до август 2024 година кога се вратил на работа.

– Завршена е постапката со отказ на споменатото лице. Значи веќе не е во работен однос во Тетовскиот Универзитет. Отказот му е пратенпо пошта и електронски на службениот и-мејл – изјави Емурли за МИА.

Во Законот за работни односи согласно член 82 се вели дека работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година.

На 9 декември 2024 година, Груби се најде на црната листа на американскиот Стејт департмент од каде посочија дека заедно со судија биле вмешани во значителна корупција преку примање мито. За него е почната и кривична постапка во предметот „Државна лотарија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поскапуваат бензините и дизелот
Следна Статија Oд 14 јануари ќе се возиме по нов експресен пат од Градско до Дреново

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мисајловски од Брисел по предлогот на Трамп: Тешко ќе се стигне до 5% од БДП за одбраната, но…

Министерот за одбрана Владо Мисајловски беше на министерскиот состанок на НАТО во Брисел каде САД ја промовираа идејата земјите членки…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

34 осомничени за пожарот во Кочани, обемната истражна постапка продолжува

Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако вчера државниот јавен обвинител…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Лага и манипулација е дека со укинувањето на „балансерот“ се поништуваат правата на заедниците

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Антидемократски структури се уште се борат против демократска Македонија

Антидемократски структури се уште се борат против демократска Македонија, се уште сакаат да владеат со Македонија. Ова е четврти пат…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?