Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Група разбојници за неколку моменти ограбија воз во Чикаго (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Група разбојници за неколку моменти ограбија воз во Чикаго (ВИДЕО)
СВЕТ

Група разбојници за неколку моменти ограбија воз во Чикаго (ВИДЕО)

Објавено October 14, 2024 11:40
Сподели
Сподели

Неверојатно видео направено од хеликоптер покажа како група од 30-тина разбојници, од кои некои и вооружени, за неколку моменти ограбиле еден од вагоните на товарен воз во Чикаго.

Како што пренесува „Фокс њуз“, крадците однеле сѐ што им паднало при рака, од телевизори до фритези.

По групниот грабеж и инцидентот кој се случил околу 14 часот и 40 минути, уапсени се најмалку шест лица, додека возот бил запрен и чекал да биде префрлен на соседната пруга од западната страна на градот, објави железничката компанија „Унион Пацифик “.

На видеото се гледаат неколку десетици разбојници како ги отвораат вратите од контејнерите и ја ограбуваат робата од кутиите. Полицијата соопшти дека осомничените биле вооружени со пиштоли и отворачи за брави, известува Фокс 32 Чикаго.

Украдените предмети осомничените ги ставиле во неколку возила, а набрзо пристигнал бел камион за разбојниците полесно да го товарат пленот. Грабежот се случил среде бел ден.

Набрзо на терен излегла и полицијата која го извадила оружјето за да ги растера крадците. Очевидци изјавија за „ABC7“ дека грабежот траел речиси еден час пред да дојде полицијата.

„Грабежите на железницата не се без жртви и претставуваат безбедносна закана за јавноста, нашите вработени и локалните полицајци“, изјави портпаролот на Union Pacific.

Union Pacific соопштува дека дел од украдената роба била вратена. Поради последиците од инцидентот, околу 16 часот и 40 минути бил во прекин железничкиот сообраќај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајката на Вања не ги познава убијците, сопругот и барал да му препише еден стан
Следна Статија Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВО ЖИВО) „Артемис 2“ ја напушта Земјината орбита и се упати кон другата страна на Месечината

„Артемис 2“ ја напушта Земјината орбита и се упатува кон другата страна на Месечината Мисијата „Артемис 2“ е првиот чекор…

April 3, 2026
СВЕТ

Откриена е мрежа на фалсификатори на француски вина во Италија

Во Италија е разоткриена криминална мрежа која се занимавала со фалсификување француско вино, а шишињата фалсификувано вино се продавале и…

October 16, 2024
СВЕТ

Приведен градоначалникот на Истанбул поради истрага за корупција

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба…

March 19, 2025
СВЕТ

Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поддржа иницијативата за забрана на социјални мрежи за деца помлади од 14 години, предлог што…

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?