Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија
Blog

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Објавено January 14, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Групацијата 4iG, водечка ИКТ компанија од Унгарија и од Западен Балкан, влезе во партнерство со компанијата Ериксон за развој на мобилна мрежа со високи перформанси во Албанија. Инвестицијата во идната инфраструктурна се базира на обезбедувањето на 5G фреквенции од ОНЕ Албанија, подружница на 4iG.
ОНЕ Албанија e првиот оператор во земјата што лансираше комерцијални 5G услуги на 25 ноември 2024 година во земјата. Новите фреквенции беа купени за 5,4 милиони евра на компетитивна аукција на фреквенции, а сосема новиот 5G пакет ќе биде ставен во целосна употреба со инвестирање во мрежна опрема од Ериксон во следните години. Овој развој на настаните е во согласност со унгарската напредна инвестициска стратегија на Групацијата 4iG во Албанија и регионот на Западен Балкан.

„Со Ериксон започнуваме уште едно долгорочно патување, којшто е долгогодишен технолошки партнер во Албанија. Групацијата 4iG е регионална компанија за информатичка комуникација со силно присуство во регионот на Западен Балкан. Албанија е еден од нашите водечки пазари и затоа треба да ги земеме предвид правните и политичките аспекти, кога станува збор за големи стратешки одлуки“, рече Петер Фекете, извршен директор на Групацијата 4iG.


„Овој договор ја истакнува посветеноста на Ериксон за унапредување на 5G иновациите во земјата. Преку имплементација на 5G технологија, ние овозможуваме побрзо, посигурно и одржливо поврзување, поставувајќи ја основата за услугите од следната генерација. Како што расте побарувачката за мрежа со високи перформанси, нашето партнерство со ОНЕ Албанија, подружница на Групацијата 4iG, ќе ги поддржи потребите што се развиваат и кај потрошувачите и кај бизнисите“, изјави Антонио Пасарела, одговорен за Западен Балкан во Ериксон.

Инвестиција во мрежата изнесува над 50 милиони евра започнува со обезбедување сеопфатна покриеност со 5G мрежа со висок капацитет низ клучните стратешки области, како што се големите пристаништа и аеродроми, индустриските зони, критичните болнички области во Тирана, како и најпосетуваните крајбрежни локации. Потоа инвестицијата продолжува со обезбедување средно-појасна 5G покриеност со висок капацитет на сите градови во Албанија до 2028 година, достигнувајќи 85% покриеност на населението до крајот на 2030 година.
Опсегот на договорот помеѓу Групацијата 4iG и Ериксон вклучува мобилен радио пристап и инвестиции во основната мрежа, обезбедувајќи ја најнапредната 5G Stand Alone (5G SA) технологија. Благодарение на досегашната соработка со Ериксон и Групацијата 4iG, ОНЕ Албанија е рангирана како најдобра мобилна мрежа врз основа на независни одредници со години. Вредноста и високиот стандард на инвестициите ја покажуваат долгорочната посветеност на Групацијата 4iG кон земјата и телекомуникацискиот пазар. Албанската подружница, исто така, ги имплементира иновациите и инвестициите на фиксниот широкопојасен фронт, а во ноември 2024 година лансираше и широкопојасен интернет од 10 Gbit.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хрватска затвори патишта поради силни ветрови до 130 километри на час
Следна Статија Пожар во Поликлиника Чаир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Обновување на Studio Display со три клучни надградби

Роковите за испорака на Studio Display се поместуваат кон крајот на февруари и почетокот на март, што упатува на најавено…

February 3, 2026
Blog

Познато кога ќе биде погребан Саша Поповиќ

Саша Поповиќ, основачот на Гранд продукција, почина денеска на 70-годишна возраст по кратка и тешка битка со тешката болест. Поповиќ…

March 1, 2025
Blog

Apple ќе плати 95 милиони долари на луѓето кои биле шпионирани од Siri

Американската технолошка компанија Apple се согласи на спогодба со корисниците кои ненамерно биле шпионирани од нејзиниот гласовен асистент Siri и…

January 3, 2025
Blog

Корисниците на iPhone почнуваат да добиваат исплати од 95 милиони долари од тужбата за приватноста на Siri

Минатата година, Apple се согласи да ја реши колективната тужба во врска со 'незаконско и намерно снимање' на разговори со…

January 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?