Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓурчески: Мицкоски го следеле партиски испостави во безбедносните служби, сега се исплашени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓурчески: Мицкоски го следеле партиски испостави во безбедносните служби, сега се исплашени
МАКЕДОНИЈА

Ѓурчески: Мицкоски го следеле партиски испостави во безбедносните служби, сега се исплашени

Објавено November 2, 2024 21:30
Сподели
Сподели

Следењето и снимањето на Христијан Мицкоски додека беше лидер на опозицијата, за што самиот информираше, е резултат на исполитизараните безбедносни структури во Агенциите за разузнавање и контраразузнавање- тврди Љумобир Ѓурчески., за Алфа ТВ.

Како поранешен началник во МВР, коментира дека партиски испостави се длабоко загрижени дека на површина ќе излезат сите незаконски дејствија што ги правеле.

-Одредени информации кои што они ги касифицираа а не заслужуваат да бидат класифицирани, за што и премиерот пред недела дена кажа дека добивал известувања од безбедносните служби кои што претходниот ден ги читал од медиумите, што е спротивно од она што безбедносните служби треба да го презентираат пред претседателот, пред претседателот на Владата и функционерите кои се корисници на тие безбедносни информации се со цел благовремено преземање на одредени дејствија за безбедноста во насока на зачувување на уставниот поредок. Од тука мислам дека оваа тема е бајаги сериозна, си има свои длабоки корени едни структури кои се позиционирани во тие безбедносни служби кои што си зеле за право да си стават над државата години наназад и си зеле за право да прислушкуваат опозиција, функционери, претседатели и неовластено да прислушкуваат граѓани и со што попречуваат и одредени реформи во безбедносно-правниот систем во Македонија, вели во изјава за телевизија Алфа поранешниот началник во МВР Ѓурчески.

Дека името на Христијан Мицкоски било на врвот на листите на безбедностите служби додека беше лидер на опозицијата, откри премиерот на вчерашниот брифинг со новинарите. За него важеле посебни мерки и постојано бил мета за обработување од агенциите за безбедност, бил третиран како терорист, постојано го снимале и го документирале секое негово движење, дури и со дронови, а за тоа постоеле и службени белешки, тврди премиерот. Како причина зошто го прават тоа, тогашниот директор навел дека следењето на Мицкоски е оти наводно ја загрозувал безбедноста.

Сега, Агенцијата за разузнавање води истрага, а во декември ќе брифира на затворена владина седница. Истовремено, Владата бара декласификација и на белешките на АНБ со цел содржината да биде обелоденета.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Мисајловски: Воените хеликоптери М-8 кои беа на ремонт во Чешка пристигнаа во Македонија
Следна Статија (ФОТО) Мел Гибсон се појави со својата 34 години помлада девојка, фановите разочарани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција ќе го чешла случајот Александрополис за сторен криминал

Поранешни членови на управни и надзорни одбори и функционери од претходната Влада добија кривични пријави затоа што закупиле капацитет за…

June 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Шуто Оризари ставен под контрола

Пожар денеска избувна во депонија во скопската општина Шуто Оризари, при што се запали машина за мелење железо, соопшти Центар…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кум за Бадник е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар – музичарот Јаков Дренковски

Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска ги претстави кумот и здравичарот за Бадник, а…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Марш на ангелите: Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата

Во Кочани повторно се одржа марш на родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?