Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хрватите гласаат на претседателски избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Хрватите гласаат на претседателски избори
БАЛКАН

Хрватите гласаат на претседателски избори

Објавено December 29, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Во Хрватска денеска ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, по парламентарните избори во април и европските во јуни, на кои ќе учествуваат осум кандидати. 

Фаворит е актуелниот претседател Зоран Милановиќ (58), кој повторно влезе во трката за нов петгодишен мандат како кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП).

Предизборните анкети предвидуваат дека Милановиќ в недела нема да може да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, што е неопходно за победа во првиот круг, но дека во вториот круг ќе се соочи со кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац. 

Право на глас имаат речиси 3,8 милиони гласачи, од кои околу 250.000 се активно регистрирани во странство. Над 6.750 избирачки места ќе бидат отворени за изборите.

Затворање на гласачките места е денеска во 19 часот, кога се очекуваат првите резултати од излезните анкети.

Државната изборна комисија ќе почне со објавување на првите нецелосни резултати од 20 часот.

На претстојните избори учествуваат вкупно осум кандидати, што е за три помалку од претходните во 2020 година.

Покрај Милановиќ и Приморац, меѓу најзначајните се и заменичката на зелено-левичарската платформа Можеме, Ивана Кекин (40) и независната кандидатка и пратеничка Марија Селак Распудиќ (42), која во Собранието влезе на листата на десничарската партија Мост, која во меѓувреме ја напушти.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Промоција плус“ од 19 до 23 декември, врз основа на примерок од 1.000 испитаници, покажа дека Милановиќ има поддршка од околу 39,3 отсто од анкетираните, а Приморац 24,3 отсто. Селак Распудиќ има околу десет отсто, а Кекин околу осум отсто.

Од преостанатите четворица кандидати, според анкетите најдобро стои кандидатот на Мост, Миро Буљ, кој има 3,8 отсто поддршка од испитаниците. Кандидатката на партијата Дом и Национален собир (Домино) Бранка Лозо и независниот кандидат Томислав Јоњиќ, двајцата од десниот политички спектар, имаат околу два отсто, додека независниот Нико Токиќ Картело има 0,6 отсто.

Речиси десет проценти од избирачите се неопределени.

Ова се осми претседателски избори во Хрватска од независноста. Претседателот се избира со мандат од пет години и може да биде избран најмногу двапати.

Од независноста на Хрватска, Фрањо Туѓман и Стјепан Месиќ беа претседатели во два мандата. По еден мандат освоија Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар Китаровиќ. Актуелниот претседател Зоран Милановиќ на овие избори се бори за втор мандат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Невролозите откриваат активност која придонесува за здравјето на мозокот
Следна Статија Нова голема акција на МВР, претреси во Скопје, Битола, Неготино, Дојран и Гевгелија против криумчарење луксузни автомобили од странство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Тешко злосторство во Црна Гора: Се скарал со сопругата и ја убил ќерката (2) и себеси

По расправија со неговата сопруга, со која бил во вонбрачна врска, Ж. Д. (34) од селото Голија кај Никшиќ ја…

July 24, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Сакам избори во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека би сакал предвремени избори да се одржат во декември 2026 година со…

September 13, 2025
БАЛКАН

Газдата на Пинк отвори дигитална редакција без новинари, ќе се шири и во Македонија (ФОТО)

Жељко Митровиќ, сопственик и директор на Пинк Медиа Груп, претстави нова дигитална редакција која користи 1.200 роботи со вградени вештачки…

March 15, 2026
БАЛКАН

По 80 евра казна ако во возилата нема синџири за снег: Грција се подготвува за големо невреме

Грчките метеролози за недела најавуваат значителна промена на времето во земјата со главни карактеристики врнежи од дожд, локално невреме главно…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?