Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И Аморим не може да му помогне на Јунајтед: Нотингем по полни 30 години славеше на Олд Трафорд (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > И Аморим не може да му помогне на Јунајтед: Нотингем по полни 30 години славеше на Олд Трафорд (ВИДЕО)
СПОРТ

И Аморим не може да му помогне на Јунајтед: Нотингем по полни 30 години славеше на Олд Трафорд (ВИДЕО)

Објавено December 7, 2024 20:54
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Нотингем Форест го совладаа Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со 3:2 во последниот натпревар од саботната програма, во рамките на 15. коло на Премиер лигата.

Шумарите“ прекинаа една лоша традиција, ја остварија првата победа на „Олд Трафорд“ од 1994 година.

Српскиот репрезентативец, Никола Миленковиќ во втората минута го шокираше домашниот тим. За него ова беше прв гол во дресот на Нотингем Форест. Летово се пресели во Премиер лигата од Фиорентина.

Ова беше трет последователен гол кој Јунајтед го прими по удар од корнер.

Тимот на Рубен Аморим брзо се консолидира. Расмус Хојлунд израмни во 18. минута. Жота Силва недолго по голот на Данецот ја погоди стативата, а до крајот на полувремето Бруно Фернандеш од слободен удар ја погоди гредата.

Втората минута повторно беше кобна за Јунајтед. Во втората минута од вториот дел Форест повторно поведе. Морган Гибс-Вајт го постигна вториот гол за гостите во 47. минута, по аматерската реакција на Андре Онана. Необјасниво дозволи топката која одеше по средината на голот да заврши о мрежата.

Сседум минути подоцна, играчите на Форест постигнаа уште еден гол. Крис Вуд од тешка позиција го совлада Онана. Оваа беше 10. гол за Новозеланѓанецот во сезоната, покрај нег двоцифрен број на голови имаат постигнато упте само Мохамед Салах и Ерлинг Халанд.

Јунајтед успеа да го намали резултатот во 61. минута преку Бруно Фернандеш, но до крајот имаше само една посериозна шанса, во шестата минута од судиското надополнување кога Лисандро Мартинез ја испрати топката преку гредата, па Јунајтед го доживеа вториот пораз во ерата на Рубен Аморим.

„Црвените ѓаволи“ се на 13. место со 19 бодови, додека Форест е петти. Во следното коло Јунајтед го игра дербито на Манчестер против Сити, додека Нотингем ја пречекува Астон Вила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска не е во Париз поради дефект на авионот
Следна Статија Лидерот на сириските бунтовници: Падот на режимот е близу, бидете милосрдни кон цивилите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ФФМ ја казни Шкендија пет меча без публика

Дисциплинската комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните…

April 5, 2025
СПОРТ

МЗТ Скопје го крена Суперкупот, кај дамите славеше Баскет Кам

МЗТ Скопје повторно го крена пехарот во мак-баскетот, овојпат во Суперкупот на Македонија, совладувајќи го Кожув со 71-64. Иако важеше…

September 29, 2025
СПОРТ

Мукаетов: Оставаме светол сигнал на патот за идните млади ракометни генерации

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, пред денешниот натпревар со Гвинеја во 3. коло од Д-групата на Светското…

January 19, 2025
СПОРТ

Барди со гол дебитираше за Коњаспор (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди постигна гол на свој прв официјален натпревар за Коњаспор. Македонецот вчеравечер на средбата…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?