Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И кажале дека има биткоини, но за да ги подигне мора да има 900.000 ден. на сметка, уште една измама во Куманово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > И кажале дека има биткоини, но за да ги подигне мора да има 900.000 ден. на сметка, уште една измама во Куманово
ХРОНИКА

И кажале дека има биткоини, но за да ги подигне мора да има 900.000 ден. на сметка, уште една измама во Куманово

Објавено November 22, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Уште една измама, втор случај за една недела во Куманово со биткоини, евидентира кумановската полиција. Педесет и деветгодишна кумановка пријавила дека била измамена од лице за сума од 88.338 денари, информираше денеска СВР Куманово.

Таа вчера го пријавила случајот во СВР Куманово, а претходно зела брз кредит за да ја добие ветената сума од наводната добивка од биткоините.

– Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите. Како што е пријавено, за да може да и ги префрли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоините, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Претходно, на 15 ноември, четириесет и петгодишен маж од Куманово пријави дека бил измамен за сума од 200.000 денари, измамникот го информирал дека има 14.500 долари од сметката на биткоини. И тој, како што тогаш соопшти полицијата, зел брз кредит за да ги уплати парите. И нему му се претставило лицето дека е од „агенција за биткоини“, и му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари по што му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства. Како што беше пријавено, за да може да му ги префрли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавувачот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Канада и’ даде дозвола на Neuralink на Маск за чипирање човечки мозоци
Следна Статија Димитриеска-Кочоска најави завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Едногодишно бебе во болница откако се затруло со лекови

Едногодишно дете од липковското село Отља се затруло со лекови, соопшти денеска кумановската полиција. Случајот во СВР Куманово го пријавиле…

July 22, 2025
ХРОНИКА

Маж и жена изгореле во пожар во куќа во скопско

Тела на маж и жена утрово се пронајдени во куќа во селото Морани откако во неа избувнал пожар. Случајот во…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Кривична за полицаец: Издал одобренија за привремен престој на лица кои претставуваат закана за Македонија

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење…

June 18, 2025
ХРОНИКА

Пожар во свињарска фарма, угинаа животни, а неколку луѓе добија лекарска помош

На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?