Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Идната недела ќе се одржи состанокот со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот кредит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Идната недела ќе се одржи состанокот со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот кредит
ЕКОНОМИЈА

Идната недела ќе се одржи состанокот со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот кредит

Објавено November 9, 2024 21:00
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој ќе настојува да присуствува на состанокот.

Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на три делници кај Велес, Мицкоски нагласи дека компаниите нема да имаат поголем трошок од оној што веќе бил кажан.

-Компаниите нема да имаат поголем трошок од тој што го кажавме. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е на пат за Скопје, се враќа од Брисел каде имаше серија состаноци. Но, важно е да се каже дека очекувам во текот на следната недела, во втората половина, да имаме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Ќе инсистирам и јас да бидам таму, да го кажам тоа што мислам дека треба да го кажам, рече Мицкоски.

Пред три дена, премиерот во изјава за медиумите рече дека парите од унгарскиот заем се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обрвската на државата кон нив. Домашните компании, подвлече тогаш Мицкоски, ќе ги добијат средствата под истите услови под кои беа земени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бајден и Трамп ќе се сретнат в среда во Белата куќа
Следна Статија Мицкоски: За некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите поврзани со големи злоупотреби правени во минатото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките

За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочува дека…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Давид Елисон лобира акционерите на Warner Bros да го напуштат Netflix

Извршниот директор на Paramount се сретна со инвеститори во Њујорк за да ја потласи неговата непријателска понуда за холивудската студиска…

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Извозот во земјава намален за 5,7 отсто – Македонија годинава најмногу тргувала со Германија и Велика Британија

Вкупната вредност на извозот на стоки во земјава, во периодот од јануари до август годинава, изнесува 5.190,2 милиона евра и…

October 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

ХЕЦ Чебрен ќе се гради, но ќе биде во државна сопственост

Хидроцентралата Чебрен да биде во државна сопственост. За оваа владина идеја на маса се седнати стручни лица од сите опфатени…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?