Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Илон Маск само во октомври дал 44 милиони долари за кампањата на Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Илон Маск само во октомври дал 44 милиони долари за кампањата на Трамп
СВЕТ

Илон Маск само во октомври дал 44 милиони долари за кампањата на Трамп

Објавено October 25, 2024 18:40
Сподели
Сподели

Милијардерот Илон Маск донираше вкупно 119 милиони долари за поддршка на кампањата на кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, јави ДПА.

Во првата половина на октомври, раководителот на Тесла префрли 43,6 милиони долари на Комитетот за политичко дејствување „Америка“, организација за политичко дејствување што ја создаде за да ја поддржи претседателската кампања на Трамп и која првенствено се фокусира на победничките држави како Пенсилванија.

Меѓу јули и крајот на септември, Маск, кој се појавуваше на бројни митинзи со Трамп, донираше околу 75 милиони долари.

Во исто време, организацијата ја продолжува својата контроверзна практика да дава по еден милион долари секој ден до изборите на 5 ноември на еден регистриран гласач. Американските медиуми завчера објавија дека Министерството за правда го предупредило Илон Маск дека оваа кампања може да го прекрши американскиот изборен закон.

Кампањата е насочена кон гласачите кои потпишуваат петиција. Петицијата е за „слобода на говор и право на носење оружје“ и може да биде потпишана само од регистриран гласач во една од седумте држави.

Според американскиот изборен закон, незаконски е да им се плаќа на граѓаните да гласаат или да се регистрираат за гласање. Маск тврдеше дека наградата од милион долари има за цел да привлече поголемо внимание на петицијата и затоа е легална.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Урсула во Скопје донесе „отровен чешел или отровно јаболко“?
Следна Статија Објавена првата фотографија од кумот на Звицер кој ги „скина“ „Македонците“ во Атина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

НАЈМАЛКУ 221 ЗАГИНАТ: Објавен извештајот за трагедијата во клубот „Џет сет“, причината сепак неразјаснета

Владата на Доминиканската Република вчера објави извештај за уривањето на покривот во преполниот ноќен клуб на почетокот на оваа недела,…

April 12, 2025
СВЕТ

Келог: Мировниот договор за Украина е „на последните 10 метри“

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина оцени дека мировниот договор за ставање крај на војната е „навистина…

December 7, 2025
СВЕТ

Бучавата на генераторите во Сан Франциско: Предизвик за заедницата

Жителите на еден град се соочуваат со предизвици по големиот прекин на струјата, истакнувајќи ги влијанијата на привремените решенија

December 28, 2025
СВЕТ

Иран се заканува дека ќе употреби тајно оружје

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи и претседателот на земјата, Масуд Пезешкијан се „безбедни и здрави“, изјавил портпаролот на…

February 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?