Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен
Blog

Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен

Објавено January 18, 2025 15:20
Сподели
Сподели

Годишната инфлација во еврозоната порасна на 2,4% во декември, од 2,2% во ноември. Во декември минатата година годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 2,9 отсто.

Во Европската унија инфлацијата во декември била 2,7 отсто во однос на декември минатата година, додека пред 12 месеци годишната инфлација била 3,4 отсто, објави Евростат, статистичката агенција на Европската унија.

Најниска годишна стапка на инфлација забележаа Ирска (еден отсто), Италија 1,4 отсто и Луксембург, Финска и Шведска 1,6 отсто.

На другата страна беше Романија со пораст на цените од 5,5%, Унгарија со инфлација од 4,8% и Хрватска со 4,5%.

Во споредба со ноември, цените пораснале во 19 земји, во една останале стабилни, а во седум опаднале.

Најголем придонес во растот на цените во декември имаа услугите, а потоа храната, алкохолот и тутунот. Значително помал придонес имаат цените на индустриските производи, а придонесот на енергијата изнесува само 0,01 процентен поен.

Базичната инфлација, без цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунот во еврозоната, изнесуваше 2,7%.

Најниско ниво на годишна инфлација во еврозоната е забележано во септември – 1,7%, а во следните четири месеци индексот на потрошувачките цени бележи раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија
Следна Статија Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Овој човек е најбогатиот Босанец – бил електричар, а сега има богатство од 1,1 милијарда евра!

Сенад Џамбиќ, основачот и сопственик на малопродажниот синџир „Бинго“, моментално се смета за најбогатиот Босанец. Неговото богатство се проценува на…

May 8, 2025
Blog

Фолксваген е подготвен и за производство на воена опрема

Германскиот производител на автомобили Фолксваген објави дека е подготвен да го разгледа планот за почеток на производство на опрема за…

March 12, 2025
Blog

Google апликацијата намерно го заменува пребарувањето на Pixel Launcher

Во изминативе неколку дена, допирањето на лентата за пребарување на Pixel Launcher отвора различен екран воден од Google апликацијата. Ова…

December 18, 2025
Blog

Велика Британија ќе префрли 2,5 милијарди фунти на Абрамович во фонд за Украина

Британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека Велика Британија парите од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи на рускиот милијардер Роман Абрамович…

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?