Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен
Blog

Инфлацијата во еврозоната не запира: Еве кои земји имаат минимален раст, а каде растот на цените е драстичен

Објавено January 18, 2025 15:20
Сподели
Сподели

Годишната инфлација во еврозоната порасна на 2,4% во декември, од 2,2% во ноември. Во декември минатата година годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 2,9 отсто.

Во Европската унија инфлацијата во декември била 2,7 отсто во однос на декември минатата година, додека пред 12 месеци годишната инфлација била 3,4 отсто, објави Евростат, статистичката агенција на Европската унија.

Најниска годишна стапка на инфлација забележаа Ирска (еден отсто), Италија 1,4 отсто и Луксембург, Финска и Шведска 1,6 отсто.

На другата страна беше Романија со пораст на цените од 5,5%, Унгарија со инфлација од 4,8% и Хрватска со 4,5%.

Во споредба со ноември, цените пораснале во 19 земји, во една останале стабилни, а во седум опаднале.

Најголем придонес во растот на цените во декември имаа услугите, а потоа храната, алкохолот и тутунот. Значително помал придонес имаат цените на индустриските производи, а придонесот на енергијата изнесува само 0,01 процентен поен.

Базичната инфлација, без цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунот во еврозоната, изнесуваше 2,7%.

Најниско ниво на годишна инфлација во еврозоната е забележано во септември – 1,7%, а во следните четири месеци индексот на потрошувачките цени бележи раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија
Следна Статија Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Доларот на најниско ниво во последните три години

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути минатата недела падна на најниско ниво за повеќе од…

June 15, 2025
Blog

Ѓорѓиевски: Изречени се казни од 1 000 до 53 000 евра на загадувачи на воздухот во Скопје

Денеска се одржа вонредна седница на советот на градот Скопје, посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух и неговите причинители. Градоначалникот…

January 5, 2026
Blog

Појава на нови DOS компјутери: Модерен поглед кон класичната технологија

Интересен тренд во последните години е појавата на модерни ретро компјутери, реконструкции на класичен хардвер кои користат современи компоненти

November 25, 2025
Blog

Кадиевска Војновиќ ја открива позадината на ,,Војната со царини” на Трамп

Во колумна со наслов „КРИПТОМЕРКАНТАЛИЗМОТ“ НА ТРАМП – Трговската војна со војната за доминација на американскиот долар, Кадиевска Војновиќ ја…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?