Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Инвестиција од 40 милиони евра и до 600 нови вработувања: Стартуваше изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Инвестиција од 40 милиони евра и до 600 нови вработувања: Стартуваше изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили
ЕКОНОМИЈА

Инвестиција од 40 милиони евра и до 600 нови вработувања: Стартуваше изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили

Објавено December 13, 2024 12:30
Сподели
Сподели

Во ТИРЗ Кичево денеска стартуваше изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ каде во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра и ќе се отворат 120 до 200 вработувања.

Александар Голабоски, извршен директор на Авеста Скопје, најави извоз од 50 милони евра во првата година од инвестицијата која вели ќе достигне 40 милиони евра, а бројот на вработени 600.

– Се надеваме дека објектот би бил готов наредната година. Извозот во првата година согласно бизнис планот би бил околу 50 милиони евра, а во пикот на работењето на фабриката за седум-осум години очекуваме да се зголеми десеткратно, изјави Голабоски.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стартот на инвестицијата е доказ дека со заедничка работа може да се направи многу.

– Почнува убава инвестиција за овој дел на Македонија, за Кичево. Очекуваме максималниот број на вработени во одреден момент да достигне 600, зошто да не и повеќе, а извозот до половина милијарда евра за шест до седум години. Ова се само докази дека заеднички може да се прави многу. Директорот на ТИРЗ и инвеститорот направија многу за да заживее проектот, помина и на владина седница. Се ова е потребно да се сработи заеднички за да стасаме до оваа состојба денес и убеден сум дека инвеститорот нема да застане тука и оти ќе следи продолжување на инвестицискиот циклус, изјави Мицкоски.

Најави дека ќе бидат објавени и други инвестиции во наредниот период и ги повтори очекувањата за милијарда евра инвестиции до крајот на годината.

– Со тоа ќе бидеме најдобри по глава на жител на Балканот и се враќаме повторно но сигурно на мапата на инвеститорите, иако досега седум години бевме заборавени, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес со јачина од 2,3 степени регистриран во Гостивар
Следна Статија Денеска е петок 13. – Дали навистина е несреќен датум?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во 2028 година Македонија ќе биде лидер во инфраструктурата во регионот

На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот, истакна во вечерашното гостување во…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Извршниот директор на AppLovin ги потценува ризиците од вештачката интелигенција

Извршниот директор Адам Форуги вели дека компанијата ќе продолжи да профитира од напредните AI модели

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Трошоците за живот за една година се повисоки за 3,2 проценти

Трошоците за живот во јануари 2026 година се повисоки за 3,2 проценти во споредба со јануари 2025, покажуваат најновите податоци…

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Македонија прва на Балканот и втора во Европа по договори на определено време, објави Евростат

Европската статистичка агенција (Евростат) објави податоци за бројот на договори на определено време што ги нудат земјите од Европската Унија,…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?