Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав
МАКЕДОНИЈА

Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав

Објавено December 2, 2024 18:13
Сподели
Сподели

Судскиот совет денеска на итна седница ја констатираше неотповикливата оставка на претседателката на Советот Весна Дамевска, која претпладнево во јавно обраќање соопшти дека поради немање слух кај власта за обезбедување брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи владини функционери, поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

На предложениот дневен ред беше и точката за избор на претседател на Судскиот совет, но по предлог на членот на Советот, Исамедин Лимани, едногласно беше тргната од дневен ред. Според Лимани, Советот треба да избира претседател кога ќе биде во полн состав, односно по изборите на двајца нови членови кои треба да се случат на 11 декември.

Двајца членови со право на глас се отсутни, а исто така сме во фаза на избор на двајца нови членови на Советот кои ќе се избираат на 11 декември. Еден член од општата листа од Апелационо подрачје Штип и еден член од посебната листа, така што изборот на претседател мислам дека треба да биде кога Советот ќе биде комплетиран, посочи Лимани.

Ставот и на останатите членови е дека Советот може да продолжи со работа без претседател сѐ до неговото комплетирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска најави К-15 за вработените во образованието до крајот на месецот
Следна Статија ДУИ до Јаневска: УЧК е сè за Албанците, не ништо министерке

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Грција – почувствуван и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Велешката публика ја исвирка Цеца оти го стави бугарското знаме на раменици

Видеоснимки од синоќешниот концерт на Светлана Ражнатовиќ – Цеца во Велес, што се шират на социјалните мрежи, покажуваат инцидент што…

November 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври, Денот на народното востание. „Дозволете ми од мое лично…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски го обвини Фрчкоски за „кафеанско озборување“

Поранешниот претседател Стево Пендаровски одговори на обвинувањата на Љубомир Фрчкоски дека „мешетарел“ во СДСМ и дека наводно работи на тоа…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?