Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изгласана новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Изгласана новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен
СВЕТ

Изгласана новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен

Објавено November 27, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Претставниците на Европскиот парламент со повеќе од половина од мнозинството гласови ја избраа новата Европска комисија предводена вторпат од Урсула фон дер Лајен, која ја презема функцијата в недела, 1 декември.

Гласаа 688 пратеници, од кои 370 гласаа за потврдување на Комисијата, 282 беа против, а 36 беа воздржани.

Комисијата доби помалку гласови од Урсула фон дер Лајен кога Европскиот парламент гласаше за новиот шеф на Комисијата во јули кога таа доби 401 глас.

Пред пет години, во јули 2019 година, Урсула фон дер Лајен доби само 383 гласа, девет повеќе од апсолутното мнозинство, но нејзината прва Комисија доби поддршка од 461 европратеник, значително повеќе од денес, со тоа што тогашниот состав имаше помалку европратеници, 705, а сегашната има 720.

„Првата голема иницијатива на новата Европска комисија ќе биде компас за конкурентност, што вклучува затворање на иновацискиот јаз со САД и Кина, заеднички план за декарбонизација и конкурентност и зголемување на безбедноста и намалување на зависноста. Тој компас за конкурентност ќе биде рамка за нашата работа до крајот на мандатот“, објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во својот говор пред претставниците на Европскиот парламент, во кој ја претстави својата програма.

Таа рече дека компасот ќе биде изграден на три столба од извештајот за европската конкурентност, што за Комисијата го напиша поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка, Марио Драги.

Зборувајќи за заостанувањето во иновациите, Фон дер Лајен рече дека ЕУ е на исто ниво со САД и Кина кога станува збор за патенти и создавање стартапи.

Сепак, само една третина од европските патенти се комерцијално експлоатирани, а европските стартапи наидуваат на многубројни пречки за нивниот раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари
Следна Статија Над 600 прехрамбени производи ќе се најдат на новогодишната кошничка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Еуфоријата започна: Новогодишната елка стигна во Њујорк, висока е над 22 метри, а за да се накити се потребни 8 километри сијалички

Новогодишната елка од Центарот Рокфелер пристигна во Њујорк, означувајќи го почетокот на празничната сезона во Големото јаболко. Норвешката смрека од…

November 10, 2024
СВЕТ

Русите тврдат дека зазеле стратешки важен град во источна Украина

Русија вчера соопшти дека нејзините војници зазеле стратешки важен град во источна Украина како дел од кампањата за слабеење на…

January 27, 2025
СВЕТ

Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад

Експлозии ја потресоа украинската престолнина Киев и други градови, а соседна Полска ја зголеми тревогата за авиони во раните утрински…

November 17, 2024
СВЕТ

(Bидео) Експлодира цистерна во Нигерија, најмалку 60 мртви

Најмалку 60 луѓе загинаа денеска во северна Нигерија кога цистерна се преврте, се истури бензин и предизвика експлозија, соопшти Федералниот…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?