Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „ИЗГУБИВМЕ ГОЛЕМ ЧОВЕК, ТОЈ ГО НАПРАВИ СВЕТОТ ПОДОБРО МЕСТО…“ Колегите со потресни зборови се простија од Васко, научникот од Македонија кој загина во Нови Сад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „ИЗГУБИВМЕ ГОЛЕМ ЧОВЕК, ТОЈ ГО НАПРАВИ СВЕТОТ ПОДОБРО МЕСТО…“ Колегите со потресни зборови се простија од Васко, научникот од Македонија кој загина во Нови Сад
МАКЕДОНИЈА

„ИЗГУБИВМЕ ГОЛЕМ ЧОВЕК, ТОЈ ГО НАПРАВИ СВЕТОТ ПОДОБРО МЕСТО…“ Колегите со потресни зборови се простија од Васко, научникот од Македонија кој загина во Нови Сад

Објавено November 4, 2024 11:46
Сподели
Сподели

Васко Саздовски, научник од Македонија, загина во петокот во Нови Сад, кога се урна бетонска настрешница од зградата на железничката станица. Саздовски работеше една година во Институтот BioSens во Нови Сад, каде што се занимаваше со истражување и развој на информатички технологии за земјоделство.

Секој викенд се враќаше дома во Македонија, каде што живееја неговата сопруга и двете деца. Со тажни зборови од четириесет и петгодишниот научник се простија и колеги од Институтот BioSens.

– Колективот на Институтот BioSens изразува најдлабоко сочувство до семејството на нашиот трагично загинат колега Васко Саздовски. Изгубивме голем човек, исклучителен колега и соработник, одличен стручњак, еден од луѓето кои го направија светот подобро место. Институтот BioSens сочувствува со болката на најблиските на сите жртви во трагедијата во Нови Сад. Почивај во мир – напишале од компанијата во која работел.

Четиринаесет лица загинаа, а тројца се повредени при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата ги пронајде планинарите кои вчеравечер се изгубија во Тетовско
Следна Статија Захариевски повеќе не е тренер на Вардар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ССМ пред Собранието побара измени на Законот за минимална плата

 Учесниците на протестот за 1 Мај, организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пред Собранието побараа од пратениците да…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Една недела од трагедијата во Кочани, критични пет пациенти, продолжува истрагата

Од денеска ќе се исплаќа финансиската поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Новитет на граничните премини: Пасошите ќе се скенираат, „збогум“ на удирањето печат во нив

Во рок од шест месеци од неговото постепено воведување, секој граничен премин во Шенген зоната се очекува да го користи…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?