Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се воведува нов начин на плаќање во автобусите на ЈСП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се воведува нов начин на плаќање во автобусите на ЈСП
МАКЕДОНИЈА

Се воведува нов начин на плаќање во автобусите на ЈСП

Објавено October 29, 2024 17:30
Сподели
Сподели

ЈСП Скопје информира дека воведен е нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и активирање на новата мобилна апликација ”Skopjebus”.

Од понеделник 28.10.2024 година стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака, цената на билетот не се менува останува 40 денари со вклучен ДДВ.

Начинот за новото плаќање е следен:
– Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша “бип“ сигнал и говорна порака “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“
– При вртење на бројот 185 не е потребно телефонот да се приближува до валидаторот.
– Наплата се врши во истиот момент кога корисникот го завртил бројот 185 и го слушнал “бип“ сигналот без разлика дали е докрај исслушана говорната порака.
– На мобилниот телефон стигнува потврдна СМС порака во која ќе пишува “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“ .
– Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие следниве пораки:
“Трансакцијата е неуспешна, немате доволно средства на вашата сметка“
“Трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана, јавете се кај вашиот оператор”
“Веќе купивте возен билет, обидете се подоцна”
“Трансакцијата е неуспешна поради технички причини”
“Трансакцијата е неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга”

ЈСП Скопје информира дека функционирањето на старата мобилна апликација “Skopska” ќе биде прекинато и истовремено почнувајќи од 30.10.2024 година ќе биде пуштена во функција новата мобилна апликација ”Skopjebus”.

-Истата, може да се превземе преку мобилните апликации Play Store за корисниците на Android уред и App Store за корисниците на iPhone. Со инсталирањето и логирањето на новата апликација сите средства кои корисникот ги поседувал досега во паричникот, автоматски ќе бидат префрлени на неговата сметка во новата апликација. Упатството за новата апликација го добивате едноставно преку скенирање на QR кодот кој можете да го најдете во сите автобуси за градски превоз, што ќе ве однесе директно до локацијата со упатствата за користење, информира ЈСП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Се сруши хотел „Дубровник“ во Аргентина, има загинати
Следна Статија Медиумската писменост не е само вештина туку неопходност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска организира чествување  по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нозете ми се фатија, едвај излегов, живи ќе изгоревме, сведочи патничка во автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште

Целосно изгоре автобус на ЈСП, кој се запали кај Сопиште. Во него се превезувале десетина патници. „Шоферот вика гориме. Се…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ

Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, поглавар на МПЦ – ОА, во пресрет на Рождеството Христово – Божиќ, испрати Божиќно…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?