Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври
СВЕТ

Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври

Објавено October 7, 2024 08:53
Сподели
Сподели

Израел денеска (7 октомври) им оддава почит на жртвите од терористичкиот напад на Хамас пред една година. Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ.

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ќе ги отвори комеморациите со семејствата во жалост на местото на музичкиот фестивал Нова, означувајќи го почетокот на тридневното меморијално патување до местата на масакрот, пренесе ДПА.

Во терористичкиот напад без преседан на 7 октомври 2023 година, повеќе од 1200 луѓе беа убиени во јужен Израел, а околу 250 беа земени како заложници во Појасот Газа.

Додека нацијата се обединува во жалост, земјата е исто така поделена во пристапот кон комеморациите. Роднините на заложниците организираат свој меморијален собир во Тел Авив во моментот на првите истрели утрото пред една година.

Подоцна, израелската влада ќе емитува комеморација која е претходно снимена во јужен Израел.

Со оглед на безбедносните прописи кои се во сила поради заканата од ракетни напади, на лице место им е дозволено да присуствуваат само на максимум 1000 луѓе.

Комеморацијата ќе се емитува на интернет и на специјални телевизиски програми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српскиот премиер Вучевиќ во посета на земјава, најавено потпишување меморандум за соработка во енергетиката
Следна Статија Фицо: Украина нема да стане членка на НАТО се додека сум јас премиер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Астронаутите Овчинин, Вагнер и Петит успешно слетаа по 6 месеци поминати во Вселената

Руско-американскиот вселенски екипаж, кој повеќе од шест месеци престојуваше на Меѓународната вселенска станица, денеска се врати на Земјата со вселенскиот…

April 20, 2025
СВЕТ

(Фото) Шпионот на Путин „падна“ поради селфито во џакузи

Украинецот Јевхен Б. беше уапсен во Кројцлинген, а кој е осомничен дека дејствува како руски агент. Се вели дека набавил…

May 19, 2025
СВЕТ

Украинската војка ги напаѓа Русите со роботи наведувани преку вештачка интелегенција

Украина за прв пат употреби мали роботи во напад на руските сили. Ова е визијата за иднината на војувањето што…

February 10, 2025
СВЕТ

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Руските сили напредуваат во Украина со своето најбрзо темпо од првите денови на инвазијата, заземајќи површина од половина од поголемиот…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?